Куе Кинг (роден како Роналд Сунга Рејес на 17 јануари 1981) — американски вајар со филипинско потекло. Повлијаен од американската вајарка со јапонско потекло Рут Асава, Куе има развиено сопствени процеси и техники на вајање со жица, едновремено продолжувајќи ја и персонализирајќи ја оваа ретка уметничка традиција.
Животопис Куе Кинг е роден како Роналд Сунга Рејес на 17 јануари 1981 година во Олонгапо на Филипинските острови. Најмлад од шест деца од првогенерациско азиско-американско семејство, Рејес живее во Олонгапо до седум години, кога неговите родители (Марија Тереза Сунга Рејес и Камило Рејес) се преселуваат на Флорида каде ги поминува наредните седумнаесет години од својот живот. И покрај тоа што студира фотографија на уметничката академија „Даглас Андерсон“, токму тука за првпат изразува интерес за вајање; голем дел од времето во текот на овој период го минува патувајќи, на тој начин создавајќи персона на современ lebenskünstler. На 24 години, се преселува од Флорида на Хаваите, каде добива награди (за најдобро шоу, второ и прво место за уметничко дело) три последователни години од страна на Источнохавајскиот културен центар. На 29 години се преселува во Сан Франциско; оттогаш постојано патува.Sausalito Art Festival 2012 - Интервју со Куе Кинг, видео на Јутјуб.
Дела Инспириран од природата и танцот, Кинг создава уметнички дела за кои се вели дека се "спокојни во сопствената навидна едноставност." Претежно самоук, тој употребува жица цврсто врзана за природни објекти за да создава органски форми и фигури. Исто така работи и со накит.
Биоморфи Она што започнува како мал проект на изработка на скулптури на гранки и цветови - за во текот на првите години од Војната против тероризмот да бидат бесплатно раздавани низ САД како пораки за мир - Кинг ќе го претвори во оригинален уметнички жанр, кој ќе му овозможи преку комбинација на алуминиум, не’рѓосувачки челични влакна, месингова жица и пердуви, да ја допре "грандиозната смисла на органското". Самонаречени биоморфи, скулптурите се наводно инспирирани од медитирањето на Кинг меѓу гранките на едно дрво згрчено на работ од еден рид и расползено надолу по рабовите на клисурата.
Апстракти Првично инспирирани од скулптурите на Рут Асава, Кинговите апстракти се споредувани со танц и геометрија.
Нослива уметност И покрај тоа што се дистанцира од посериозен ангажман во областа на модното творештво, интересот на Кинг во древното занаетчиство и улого-разликувачката општествена функција на накитот резултира со создавање на нешто што тој го нарекува нослива уметност и што, во основа, се состои во раскошно украсени каиши.
Поставки Спрингфилдова 9 и главна галерија Волвано центар на уметности Галерија трета димензија Gumps, Сан Франциско Ку де Тејт, Сан Франциско Кабана, Калифорнија Lucky Street галерија, Флорида Spring Open Studio (април 2011) Sausalito Arts Festival, Калифорнија (2011, 2012)
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Куе Кинг
Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Американски вајари Категорија:Филипински уметници Категорија:Живи луѓе