Свети Константин и Елена — главна селска црква во малешевското село Негрево. Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото.
Историја Според натписот над влезната врата, црквата била изградена во 1858 година.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во западниот дел. Од западната и јужната страна е доградена припрата, којашто е пониска од црквата и е придржувана од дрвени столбови. Влезот на црквата е од западната страна, а спореден влез има и од јужната страна. Над главниот влез има натпис на којшто се испишани 1858 година и имињата на мајсторите. На јужната страна има пет прозорци коишто се во висина над припратата. Прозорец има и на источниот ѕид, во висина над апсидата. Фасадата на црквата е обоена во целост е обоена во светло-кафеникава боја. Внатрешноста на црквата е несредена.
Камбанаријата има квадратна основа и е прилепена до западниот ѕид, непосредно од левата страна на главниот влез од цркварта. Таа е изградена од тули и е покриена со пирамидален лимен кров над кој има крст. На секоја страна во нејзиниот горен дел има по еден отворен прозорец. Црквата е оградена со камена ограда.
Галерија
Поврзано Струмичка епархија Негрево
Наводи
Надворешни врски
Негрево Категорија:Негрево