Атанас Караташов, нарекуван и Брадата, Ташо Островски, Кара Ташо, Караташо,Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.11, 50 (, Острово, Воденско - , Зборско, Мегленско) — македонски револуционер, воденски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Животопис Кара Ташо е роден во 1850 година во воденското село Острово. Во редовите на ВМОРО се приклучил во 1902 година и бил војвода во Воденскиот крајМакедонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр. 37., додека негов секретар бил Димитар ЗанешевСпомени на Георги Попхристов. Учествувал во Илинденското востание како воденски војвода, а исто така имал учество во голема битка во месноста Пожарски Дол.

По востанието, Кара Ташо дејствувал како подвојвода на воденскиот војвода Лука Иванов. Одговорен бил за заседата на грчкиот андартски капитен Епаминондас Гарнетас два дена по неговиот напад над воденското село Теово на 26 ноември 1904 година. Кај Саракиново и Долно Родиво двете чети се сретнале, андартите биле разбиени и пребегале во селото Полјани.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, Том II, стр.203

Во мај 1905 година четата на Кара Ташо се префрлила во соседната област Мариово и во селото Ивени за казна ги убива мајката и сестрата на андартот Петар СугаревΚ. Βακαλόπουλος, 1904-1908, 1999, σελ. 143-145.. Кара Ташо загинал заедно со Лука Иванов на 25 август 1906 година кај селото Зборско во битка со грчкатата андартска чета на Константинос Гарефис, кој подоцна исто така умрел.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, Том II, стр.176-177Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 71.

Наводи

Категорија:Луѓе од Острово (село) Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Починати во Зборско