И сè стана месечина (бугарски: И всичко стана луна) е збирка раскази на бугарскиот писател Георги Господинов од 2013 година.

Содржина Збирката содржи 19 раскази:Георги Господинов, И све постаде месец. Београд: Геопоетика, 2016. 8 минути и 19 секунди Пред хотелот „Бугарија“ Привиденија Таткопосвојување Обичај Азбука на жени Да ја побараш Карла во Лисабон Do Not Disturb Богот на имињата Ќерка О Хенри! За Лора Чај од вишни Фотографија Средба со флорал Ликови од последните денови Старецот и морето Six Degrees of Separation И сè стана месечина

За збирката Веднаш по објавувањето, збирката постигнала голем успех и станала најпродавана книга во Бугарија. Некои од расказите претходно веќе биле објавени во неколку антологии, на различни јазици. Според зборовите на самиот автор, расказите во книгата имаат заедничка атмосфера и сите ги поврзува заедничка логика. Книгата се одликува со префинета поетика, со лирско истражување на деталите и на доживувањата и обилува со многу емоции, а во неа авторот покажува голем интерес за невидливото.Георги Господинов, И све постаде месец. Београд: Геопоетика, 2016.

Наводи

Категорија:Дела на Георги Господинов