Трајко Кралев Митрев, познат као Трајко КралотПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 79 БрничанчетоНиколов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 97. (, Брник - , ) — македонски револуционер, мариовски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Животопис Трајко Кралот е роден во 1874 или 1875 година в мариовското село Брник. Се присоединил кон ВМОРО и за време на Илинденското востание бил четник кај прилепскиот војвода Крсто Гермов и кај Иван Кафеџијата.
Во 1904 година Трајко Кралот станал реонски војвода во Мариово и водел битки против османлиската војска и грчки андарти. Грчкиот андарт Петар Сугарев со својата чета му го убиле целото семејство - татко му, браќата и сестрите, вкупно 10 лицаΣΦΑΓΗ ΣΤΟ ΜΠΕΡΝΙΚ (ΠΓΔΜ), Συλλογή Φωτογραφιών. Истата година Трајко Кралот, Петар Ацев, Ѓоре Спирков - Леништанец и Крсто Гермов се сретнале со Глигор Соколов, кој со фалсификувани документи ги убедил да го пуштат во Македонија.Аврамов, Стоян, „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, стр.46] За време на Младотурската револуција, заедно со Ѓорѓи Касапчето и Алексо Стефанов, тој дејствувал во Битолско.
Од 1910 година, Трајко Кралот дејствувал во реонот на Горна Џумаја, денес во пиринскиот дел на Македонија, со Дончо Златков. Загинал во битка против Османлиите во 1911 година, крај гратчето СимитлиЕнциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр 578.Революционната дейность въ Демирхисаръ (битолско) по спомени на Алексо Стефановъ (Демирхисарски войвода). Съобщава Боянъ Мирчевъ (Издава „Македонскиятъ Наученъ Институтъ”, София. — Печатница П. Глушковъ. — 1931) Материали за историята на македонското освободително движение, книга XI, стр. 92 - 93. или според некои други извори на 27 март 1912 година помеѓу пиринските села Тросково и ДебочицаНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 170..
Наводи
Категорија:Луѓе од Брник Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Учесници во Илинденското востание