Георги Гога Ацев (, Ореовец - , Крапа), познат и како СрцетоПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 65Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.94 — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и прилепски војвода на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 24

Животопис Георги Ацев е роден во текот на мај 1883 година во прилепското село Ореовец, тогаш во Отоманското Царство. Завршил во Скопското бугарско педагошко училиште, а потоа станал учител во Тиквешкото село Страгово.Ацев, Петър. Спомени, Софија 2011, с. 109-110.

Стапил во редовите на ВМОРО пред Илинденското востание, во кое неговите браќа Мирче и Петар бил војводи. Зимата 1904 година станал четник во четата на брат му Петар, а од 1905 година, по заминувањето на Петар Ацев за Бугарија, го заменил, и станал војвода на четата. Георги Ацев водел редица борби со османлиските чети, како и со чети на српската и грчката пропаганда во Македонија.

Во текот на летото 1905 година, кај селото Полог ја разбил андартската чета од 25 души од блиските гркомански села,Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том 2, Софија, 1943, стр. 212 , веројатно четата на Петар Сугарев.

Во текот на летото 1906 година, бил предаден при акција во поречкото село Крапа, а четата му бил нападната од четата на Глигор Соколов. При престрелката со српските чети на планината Даутица, бил ранет, и за да не биде фатен жив, се самоубил.Енциклопедия „България“, том 1, Издателство на БАН, Софија, 1978, стр. 161.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 13.

Галерија

Поврзано

Дончо Ацев Пара Ацева Мирче Ацев - Оровчанецот Петар Ацев Мирче Ацев Димче Ацев Менка Ацева Вера Ацева

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Ореовец (Прилепско) Категорија:Починати во Крапа Категорија:Родени во 1884 година Категорија:Ацеви Категорија:Отомански Македонци Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Воспитаници од Скопското педагошко училиште Категорија:Учесници во Илинденското востание