Крсто Алексов Лековски (роден во во Ербеле, ) — македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 6
Животопис Алексов е роден во 1877 година во дебарското село Ербеле (Орбеле), Албанија. Емигрирал во Бугарија и од 1898 па сè до пролетта во 1902 година живеел во Русе. Членувал во локалното стрелачко друштво.
Кога се вратил назад во Македонија, станал четник во четата на Јанаки Јанев. Од 1906 година станал самостоен околиски реонски војвода на организацијата во Дебарско и КичевскоНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 6. со чета од 8 лица. Другиот реонски војвода во кичевско бил Павел Наумов, а нивни помошници биле Наум Илиев од Битола, Ефтим Божинов и Дончо ТодоровГеоргиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“.
Во 1909 година отишол во Софија поради лекување, и потоа пак се вратил во Македонија.Дебарски глас, година 1, број 1, 5 април 1909, стр. 2.Дебарски глас, година 1, број 20, 15 август 1909, стр. 2. На 14 октомври 1909 година се венчал во Кичево со Неда Арсова.Дебарски глас, година 1, број 29, 17 октомври 1909, стр. 1. Умрел по 1918 годинаМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 95.
Наводи
Категорија:Македонци во Албанија Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМОРО