КК Неметали Огражден е поранешен македонски кошаркарски клуб од Струмица. Клубот е поранешен учесник во Првата македонска кошаркарска лига.

Историја Клубот бил основан во 1949 година.

Генерален спонзор на клубот било акционерско друштво Неметали Огражден.

Неметали Огражден бил вицепрвак во Купот на Македонија 2004. Поради финансиски причини Неметали Огражден се повлекол од Првата лига пред сезоната 2004/05.

Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Втора македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Македонска кошаркарска федерација Спорт во Струмица Кошарка во Македонија

Наводи

Надворешни врски Профил на КК Неметали Огражден на eurobasket.com

Н Н Н Н