Нирмала Џоши (позната како Сестра Нирмала; - ) — католичка калуѓерка, која ја наследила добитничката на Нобелова награда, Мајка Тереза, во мисионерките на милосрдието и го проширила движењето низ светот. Откако го преземала редот, после смртта на Мајка Тереза во 1997 година, Нирмала ја ширела мисијата со отворање на центри во 134 држави, како што се Авганистан, Израел и Тајланд.
Животопис Живот и кариера
Нирмала Џоши, родена Кусум, е родена на 23 јули 1934 година во браминска фамилија како најстаро од 10 деца во селото Регми, Непал. Нејзиниот татко бил офицер во Британско-Идиската Армија, сè до осамојостувањето во 1947 година. Кога имала една година, нејзиниот татко ја донел фамилијата во Индија. Иако семејството било Хинду, таа била образована од Христијански мисионерки на планината Кармел, Хазарибаг. Во тоа време, дознала за работата на Мајка Тереза и посакала да се приклучи на мисијата. Се преобратила во Католицизам и се приклучила на Сестрите на Милосрдието, основани од Мајка Тереза. Џоши е магистер за политички науки и има докторат од Универзитетот од Калкута. Таа била една од првите сестри од институтот која водела мисија надвор од земјата кога заминала за Панама. Во 1976 година, Џоши основала гранка од Мисионерките на Милосрдието и останала на чело на истата до 1997 година, кога била избрана за наследник на Мајка Тереза како Генерална Сестра на институтот.
Владата на Индија и ја доделува наградата Падма Вибхушан, втората најзначајна цивилна награда на Денот на Републиката (29 јануари) 2009 за нејзините заслуги за нацијатаPadma Vibhushan. Нејзиното време како Генерална Сестра завршува на 25 март 2009 година, кога ја наследува Сестра Марија Према од Германија.
Смрт Џоши починува на 23 јуни 2015 година во Калкута после компликации со срцето. Многу познати личности од Индија изразија сочувство на медиумите, вклучувајќи го премиерот Нарендра Моди и одговорниот министер за Западен Бенгал, Мамата Банерџи.
Наводи
Надворешни врски
CWS interview with Mother Teresa's successor Indian-born nun to succeed Mother Teresa
Категорија:Родени во 1934 година Категорија:Индијци со непалско потекло Категорија:Починати во 2015 година Категорија:Награда „Мајка Тереза“