мини|десно|300п|Местоположба на Халмахерското Море во Југоисточна Азија мини|десно|300п|Халмахерското Море на северот на Молучките Острови
Халмахерско Море — море во Тихиот Океан сместено на подрачјето на Индонезија. Лежи помеѓу 1° ЈГШ и 129° ИГД и се граничи со ширта на Тихиот Океан на север, островот Халмахера на запад, островот Вајгео и покраината Папуа на исток, и Серамското Море на југ. Зафаќа површина од 95.000 км и топографски опфаќа повеќе одделни подводни котлини и сртови, од кои најголема е Халмахерската Котлина, со длабочина од 2.039 м.
Опфат Според Меѓународната хидрографска организација, Халмахерското Море ги има следниве граници: На север Линија од Ваџабула (Моротај) до ’ртот Џоџефа, северниот крај на Халмахера.
На исток. Линија од ’ртот Горанго, североисточниот крај на островот Моротај, преку островите Саџанг и Каве до западните крајности на островите Вајгео и Батанта, па преку водата до северозападниот крај на островот Самавати, долж брегот до ’ртот Менонкет (југозападниот крај), а оттаму до ’ртот Селе, Нова Гвинеја ().
На југ. Северната граница на Серамското Море помеѓу Голем Оби и Нова Гвинеја [Линија од ... Голем Оби ... ’ртот Серанмалолео (неговиот источен крај), а оттаму низ островите Тобалај, Кекек, Писанг и Кофијау до ’ртот Селе (), западниот крај на Нова Гвинеја].
На запад. Јужната граница на Молучкото Море помеѓу Халмахера и Голем Оби [Линија од јужниот крај на Халмахера со северниот крај на островот Биса (Сетиле), а оттаму до северниот крај на Голем Оби].
Наводи
Надворешни врски
Халмахерско Море — „Поимник на физичката океанографија“
Категорија:Мориња во Индонезија Категорија:Мориња во Тихиот Океан