Емануел Макрон (), (, ) – француски политичар, јавен службеник и поранешен инвестициски банкар, избран за претседател на Француската Република на 7 мај 2017 година.

Кратка биографија Студирал филозофија на универзитетот Париз Нантер, а во 2004 година дипломирал на Националната школа за администрација. Станал финансиски инспектор во Инспекторатот за финансии на Франција, а подоцна станал инвестициски банкар.

Политичка кариера Бил член на Социјалистичката партија од 2006 до 2009 година и за време на првата влада на Франсоа Оланд, во 2012 година, бил назначен за заменик секретар пред да стане Министер за економија, индустрија и дигитални работи за време на втората влада на Мануел Валс,Sylvie Corbet and Elaine Ganley « French gov't reshuffle expels dissident ministers » , Associated Press, 26 August 2014 кога тој протуркал реформи наклонети за бизнисот. Макрон дал оставка во август 2016 година за да поднесе социјал-либерална кандидатура на претседателските избори 2017. Во ноември 2016 година, Макрон објави дека на изборите ќе биде под знамето на „Напред!“ (En Marche!), движење кое тој го основа во април 2016 година.

Претседател на Франција Макрон се квалификувал за вториот круг на избори во првиот круг на 23 април 2017 година. Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика. Со своите 39 години, тој е најмладиот претседател во француската историја и најмлад француски водач на држава после Наполеон. http://www.reuters.com/article/us-france-election-macron-profile-idUSKBN1830XP

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Француски политичари Категорија:Француски министри Категорија:Претседатели на Франција Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Живи луѓе