ISO 639-6 (Кодови за претставување на имињата на јазиците — Дел 6: алфа-4 код за сеопшт опфат на јазичните варијанти) — предложен меѓународен стандард во низата ISO 639, разработен од ISO/TC 37/SC 2 (Меѓународна организација за стандардизација, Техничка комисија 37, Поткомисија 2: Терминографски и лексикографски методи на работа). Содржи четирибуквени кодови што означуваат варијанти на јазичните семејства. Со ова се овозможува правење разлика помеѓу, на пр. историскиот (glvx) наспроти обновениот (rvmx) мански јазик, додека во ISO 639-3 манскиот е застапен само со glv.
Податоците во прилог на ISO 639-6 се истражени и составени од службата GeoLang на организацијата. ISO 639-6 е објавен во 2009 г. но повлечен во 2014 г.ISO 639-6:2009 Базата дава врска помеѓу секое јазично семејство и неговото потекло (предци), овозможувајќи му на корисникот да ја следи класификацијата на разни јазици. На пример, еве ги кодовите за предците на англискиот јазик:
Код Јазик eng англиски emen раносовремен англиски јазик emse ран мидлендски и југоисточен средноанглиски јазик meng средноанглиски јазик ango англосаксонскиangl англофризиски nsea северноморски gmcw западногермански grmc германски ineu индоевропски wrld свет
Базата ги разликува разните писма што ги користи еден ист јазик. На пример, во Османлиското Царство се користеле повеќе писма, поради што османскиот турски јазик е категоризиран на следниов начин:
КодЈазикotaтурски, османски (1500–1928)otaaтурски, османски (1500–1928) ерменска азбукаotahтурски, османски (1500–1928) грчка азбукаotapтурски, османски (1500–1928) персиска азбука
Поврзано ISO 15924: Кодови за претставување на имињата на писмата
Наводи
Категорија:ISO 639