Олимпијада () — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Олимпијада била дел од општина Стагира-Акант .
Географија и местоположба
Олимпијада се наоѓа на 32 километри северно од градот Ерисово и на 90 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик, на Струмскиот Залив.
Историја
На околу километар од селото се наоѓаат урнатините на античка Стагира. На патот кон Стратони, во месноста Зепко која има одлична плажа, има откриена ранохристијанска базилика.
Селото било основано од бегалци кои пристигнале од село Агија Кирјаки во Турција во 1923 година. Поради тоа и главната црква во селото е посветена на Света Недела. Областа е заштитена од програмата Натура 2000.
Првично областа била мочуриште и населението страдало од маларија. Главно занимање на жителите е туризмот и риболовот. Во близина на селото се наоѓа и рудник.
Наводи
Надворешни врски Општина Аристотел
Категорија:Аристотел (општина)