Оваџик ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον — село во Општина Бук во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 50 километри источно од градот Драма и на 36 километри јужно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 1128 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската Каза, во составот на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 188 жители македонски муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198..
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
До 1928 година во селото биле населени 48 бегалци од Турција. Во 1928 година селото броело 48 жители, додека во 1940 година селото броело 48 жители.
Селото на пописот од 1951 година не е евидентирано, најверојатно неговото население во текот на Грчката граѓанска војна побегнало во Ола. По нормализирањето на ситуацијата, дел од неговото население се вратило во своите домови.
Селото во пописот од 1961 година броело 40 жители, но во следните две децении селото повторно не било евидентирано во пописот на населението на Грција, поради кое се смета дека било напуштено, за да кон 1991 година биде попишано со 40 жители. Денеска, населението на селото е 1 жител според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Бук