Тимо Вернер (роден на 6 март 1996, во Штутгарт) — германски фудбалер, напаѓач на и на германската репрезентација.
Клупска кариера Штутгарт Вернер е роден во Штутгарт на 6 март 1996, а започнал да тренира фудбал во 2002 година кога се приклучил на младинската школа на ФК Штутгарт на шестгодишна возраст. Своето деби за првиот тим го имал на 1 август 2013 во квалификациите за Лига Европа против бугарскиот Ботев Пловдив. Вернер тогаш имал само 17 години, 4 месеци и 25 дена што го прави најмладиот играч на Штутгарт кој настапил во некој официјален натпревар за клубот.
Тој го направил своето деби во Бундеслигата на 17 август 2013 година во натпреварот против Баер Леверкузен. На 22 септември 2013 година тој го постигнал својот прв гол во Бундеслигата за Штутгарт против Ајнтрахт Франкфурт во ремито 1-1. На 10 ноември, Вернер постигнал два гола во победата на неговиот тим над Фрајбург со 3-1 реализирајќи за 2-0 и 3-1, и со тоа станал најмладиот играч во историјата на Бундеслигата кој успеал да постигне два гола на еден натпревар. На денот на неговиот 18-ти роденден Вернер го потпишал својот прв професионален договор. Својата прва сезона како професионалец ја завршил со 34 настапи (30 во Бундеслигата, 2 во Купот на Германија и 2 во Лига Европа) и 4 постигнати гола.
Во неговата последна сезона (2015-2016) во Штутгарт, Вернер постигнал 6 погодоци за клубот завршувајќи како втор најдобар клупски стрелец зад Даниел Дидави кој имал 13. Сепак и покрај неговите добри игри сезоната завршила разочарувачки за Штутгарт, бидејќи клубот испаднал од Бундеслигата по четири децении.
РБ Лајпциг По испаѓањето на Штутгарт во Втората Бундеслига, Вернер потпишал четиригодишен договор со новопромовираниот Бундеслигаш Ред Бул Лајпциг. Трансферот бил вреден 10 милиони евра, и со тоа Вернер станал најскапото засилување на РБ Лајпциг во историјата на клубот.
Своето деби за клубот го направил на 20 август 2016 во натпреварот од Купот на Германија против Динамо Дрезден. Осум дена подоцна дебитирал во за клубот во Бундеслигата во играјќи како стартер во ремито 2-2 на гостувањето против Хофенхајм.
Репрзентативна кариера Вернер играл за Германија на Европското првенство за играчи под 17 години во 2012.
Во март 2017 тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација од страна на селекторот Јоаким Лев за пријателскиот натпревар против Англија и квалификацискиот за Светското првенство 2018 година против Азербејџан на 22 март и 26 март 2017 година.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 10 март 2015.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2013-2014 Штутгарт БЛ 30 4 КГ 2 0 ЛЕ 2Во квалификациите. 0 - - - 34 4 2014-2015 БЛ 32 3 КГ 1 0 - - - - - - 33 3 2015-2016 БЛ 33 6 КГ 3 1 - - - - - - 36 7Вкупно Штутгарт 95 13 6 1 2 0 - - 103 14 2016-2017 РБ Лајпциг БЛ 22 14 КГ 1 0 - - - - - - 25 14Вкупно во кариерата 117 27 7 1 2 0 - - 126 28
Титули Клупски Челси УЕФА Лига на шампиони : 1 2020-2021 Суперкуп на УЕФА : 1 2021 Светско клупско првенство : 1 2021
РБ Лајпциг Куп на Германија : 1 2022-2023 Суперкуп на УЕФА : 1 2023
Тотенхем УЕФА Лига Европа : 1 2024-2025
Репрезентативни Германија Куп на конфедерации : 1 2017
Наводи
Надворешни врски
Тимо Вернер на soccerway Тимо Вернер на transfermarkt Тимо Вернер на espn Тимо Вернер на goal.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Штутгарт Категорија:Фудбалери на РБ Лајпциг Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Сан Хосе Ертквејкс Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Родени во 1996 година