Стара Милја () — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Од пописот во 1981 година жители жителите на селото се регистрирани во новоформираното село Милја.

Географија и местоположба Селото се наоѓа североисточно од градот Гребен, околу 3 километри северозападно од Добратово (Ватолакос). Современото село Милја е изградено во средината на 1960-те години на 1,5 километар на север од селото.

Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на ХІХ век Милја е грчко христијанско-муслиманско село во северниот дел на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Милја имало 150 Грци христијани и 100 валахиди (грчки муслимани).Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Милја станува дел на Кралството Грција.

Во 1963-1964 година со цел да се избегна честите појави на свлечишта, жителите се иселени на 1,5 километар на север во новооснованото село Милеја. Оттогаш старото село се нарекува Стара Милја (Παλιά Μηλιά, Палија Милја). Во него е сочувана црквата „Св. Димитриј“ од 1900 година.

Демографија Во средината на 1920-те години муслиманскиот дел од селото е иселен во Турција согласно Лозанскиот договор и на негово место се доселени Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година регистрирани се 11 семејства со 36 жители од бегалците.

Пописи Движењето на населениото по години е следното: 1913 - 269 жители 1920 - 190 жители 1928 - 242 жители 1940 - 351 жител 1951 - не се регистрирани жители 1961 - не се регистрирани жители 1971 - 15 жители од 1981 - во состав на Милја

Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи

Категорија:Гребен (општина) Категорија:Историски села во Гребен