Милано-Санремо 2017 — 108. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 18 март како осми настан во сезоната на Светската турнеја.

Откако се одвоиле на завршното искачување на трката — Поџо ди Санремо — возачот на , Михал Квјатковски, ја освоил трката во спринт од тројца пред светскиот првак Петер Саган () и возачот на , Жилијан Алафилип.

Екипи

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.

Рута

Како еден од велосипедските монументи, Милано-Санремо — општо сметана за спринтерски класик — е меѓу најценетите трки во професионалниот велосипедизам.

Рутата за 2017 била долга 291 километар, започнувајќи од Милано до традиционалната завршница во Санремо. Завршниот дел на трката ги вклучувала искачувањата на Чипреса и на Поџо ди Санремо, кои обично се покажувале одлучувачки за исходот на трката. Исто така, на рутата возачите морале да го совладаат 35-километарското искачување на Пасо дело Туркино, иако не се сметало за клучна точка на трката. По Туркино, рутата го следела брегот од Џенова до завршницата во Санремо. На помалку од 50 километри до целта, започнувале првите искачувања, пред да дојдат двете завршни искачувања до целта.

Поредок Завршен пласман

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Милано-Санремо Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Италија во 2017 година Категорија:Друмскиот велосипедизам во 2017 година