Панделе — врв на ридот односно гребенот Скрка кој претставува најзападна огранка на планината Козјак во Мариово.
Неговата надморска височина изнесува 1344 метри, а според својот изглед и средишна поставеност тој доминира над целата област Мариово при што воедно се здогледува од многу далеку и е особено забележителен по голите падини кои се спротивност од густите шумски предели наоколу.
Местоположба
Ридот (гребенот) Скрка на кој се наоѓа врвот Панделе се наоѓа помеѓу мариовските села Полчиште и Бешиште издигнувајќи се високо над висорамнината на север, додека од југ е ограден со долината и течението на реката Сатока.
До манастирот се стигнува по стрмен кривулест пат, каде доминира врвот, што овозможува глетка на цело Мариово како на дланка.
Опис
На самиот врв се наоѓаат двете црквички посветени на Свети Пантелејмон кои се дел од Полчишкиот манастир, а во Мариово се нарекува со името Панделе, поради што и местото на кое се наоѓа манастирот, односно и самиот врв го добило името Панделе.
Според усните преданија кај народот од овој крај, многупати се вели дека „Панделе е на високо и гледа сè“.
Историја
На самиот врв се наоѓа и археолошко наоѓалиште наречено Свети Пантеле (Полчиште) кое претставува кастел (тврдина) од раноантичко време.
Галерија
Наводи
Категорија:Врвови во Македонија