Хашлар или Хашилар (), до 1928 година () Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χασιλάρ -- Σταυρωτή – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 27 жители.

Географија Селото се наоѓа на 17 км јужно од Кожани.

Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Хашлар е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Хасилари живееле 250 Турци.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Хашлар станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Хашлар има 196 жители. Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 52 семејства и 239 жители бегалци.

Во 1928 година името на селото е променето во Ставроти.

Демографија Пописи Движењето на населението по години е следното: 1913 – 196 жители 1920 – 205 жители 1928 – 192 жители

Стопанство Населението во селото произведува, жито, тутун и други земјоделски производи.

Наводи

Категорија:Кожани