Никола Андреев (Муклен, 20 октомври 1878 — Асеновград, 23 мај 1951) — македонски револуционер, војвода за одринскиот крај и член на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11
Животопис Никола Андреев е роден на 20 октомври 1878 година во селото Муклен, Серско, тогаш дел од Отоманското Царство. Се образувал во Серското педагошко училиште. Назначен е за учител во Одринскиот вилает. Се приклучил во Македонската револуционерна организација и станал војвода на Смољанскиот револуционерен реон, дел од Одринскиот револуционерен округ. Во 1906 година е уапсан од Турците но успеал да избегне во Бугарија.
Во 1907 година се приклучил во четата на Михаил Даев. После Младотурската револуција Андреев е амнестиран и се вратил во Македонија, каде повторно почнал да води чета во Смољан. За време на Балканските војни, Андреев бил командир на 13-та македонска-одринска доброволна чета. Учествувал во обединувањето на Македонската федеративна организација со Сојуз на македонските емигрантски организации во јануари 1923 година како делегат од Станимачкото братство.НБКМ-БИА C VIII 38
Починал на 23 мај 1951 година во Асеновград, Бугарија.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Серско Категорија:Дејци на МРО Категорија:Родени во 1878 година Категорија:Починати во 1951 година Категорија:Македонски преселници во Асеновград Категорија:Дејци на Македонските братства Категорија:Македонски учители Категорија:Починати во Асеновград