Жоао Филипе Ириа Сантос Мутињо (; роден на 8 септември 1986 година, во Портимао) — португалски фудбалер, играч од средниот ред на Брага и поранешен репрезентативец на Португалија. Главно игра на позицијата централен играч од средината на теренот, но исто така знае да ја покрие и дефанзивната позиција во средниот ред.

Тој ја започна професионалната кариера во Спортинг, но во 2010 година се пресели во соперникот Порто и освои 12 титули во двата клуба заедно. Три години подоцна тој се преселил во Монако во трансфер вреден €25 милиони евра, а од таму во Вулверхемтпон за кои одиграл пет сезони во англиската Премиер лига. Во 2023 година, се вратил во татковината потпишувајќи за Брага.

Мутињо ја претставувал репрезентацијата на Португалија на четири европски првенства (2008, 2012, 2016 и 2020) и две светски првенства во 2014 и 2018. Во 2016 година, тој ја освоил европската титула со репрезентацијата на Португалија на Евро 2016 во Франција.

Титули

Клупски Спортинг Лисабон 10px Куп на Португалија : 2 2006-2007, 2007-2008

Суперкуп на Португалија : 2 2007, 2008

Порто Примеира лига : 3 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013

10px Куп на Португалија : 1 2010-2011

Суперкуп на Португалија : 3 2010, 2011, 2012

УЕФА Лига Европа : 1 2010-2011

Монако Лига 1 : 1 2016-2017

Брага Лига куп на Португалија : 1 2023-2024

Репрезентативни Португалија Европско првенство : 1 Франција 2016 УЕФА Лига на нации : 1 2018-2019 Европско првенство за играчи под 17 години: 1 2003

Поединечни Фудбалер на годината на Порто : 2012-2013 Фудбалер на годината на Вулверхемптон Вондерерс : 2018-2019

Надворешни врски

Жоао Мутињо на soccerway Жоао Мутињо на transfermarkt Жоао Мутињо на espn Жоао Мутињо на whoscored

Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Вулверхемптон Вондерерс Категорија:Фудбалери на ФК Брага Категорија:Родени во 1986 година