мини|250px|Слика на црквата од 1900 година Соборна црква „Света Софија“ ( – соборна црква во новгородскиот кремљ во Велики Новгород. Таа е соборна црква на новгородскиот архиепископ односно седиште на Новгородската епархија при Руската православна црква.

Од 1992 година црквата се наоѓа во списокот на „Светското наследство на УНЕСКО“ како дел од комплексот „Историски споменици на Новгород и околината“. Храмот исто така се наоѓа на списокот на културното наследство на Руската Федерација под број 5310033042.наследие Российской Федерации объект № 5310033042

Архитектура и историја Црквата е висока 38 м, изградена е од камен и има пет куполи. Ја изградил меѓу 1045 и 1050 година, новгородскиот кнез Владимир Јарославич на место на поранешна црква која во X век ја изградил Јоаким Корсунијан. Со исклучок на црквите во Шоана и Архиз, претставува најстара црква во Русија која и денес е во употреба.

Од XII до XV век била духовно и културно средиште на Новгородската Република, а во текот на Втората светска војна тешко настрадала. Во советско време била музеј, а во 1991 година ѝ била вратена на Руската православна црква. Како дел од стариот град на Велики Новгород, во 1992 година влегла во Светското културно наследство на УНЕСКО.

На западниот влез во црквата се наоѓа познатата Магдебуршка врата.

Гробови Во црквата „Света Софија“ се наоѓаат гробовите на Ана од Новгород, Владимир Јарославич, Лука Шиѓата и Јован Новгородски.

Литература

Willibald Sauerländer: Die Bronzetür von Nowgorod. R. Piper & Co, Minhen 1963

Надворешни врски

Категорија:Светско наследство во Русија Категорија:Објекти на културното наследство на Русија Категорија:Руски православни цркви Категорија:Новгородска Област Категорија:Велики Новгород Категорија:Соборни храмови