180px|мини|десно|Обична вадитапа Вадитапа или вадичеп — алатка за вадење плутени тапи од шишиња, најчесто вински. Обичната вадитапа се состои од метална спирала која е прицврстена на дршка. Дршката се притиска и се врти сè додека спиралата не влезе доволно длабоко во тапата, после што се повлекува вертикално нагоре за да се извади тапата од шишето. Дршката најчесто е направена од дрво, а може да има и дополнителни лостови со кои се засилува снагата која се применува на тапата.

Видови вадитапи Крилеста вадитапа 150px|мини|десно|Крилеста вадитапа Крилестата вадитапа има два лоста на спротивните страни на спиралата. Овие лостови потсетуваат на крила, по што го добила и името.Анатомија вадичепа, Poljoprivreda.info, 12. 10. 2006.. Кога спиралата ќе навлезе доволно длабоко во тапата, потребно е само да се повлечат лостовите надолу за да се извади тапата од шишето.

Овој вид на вадитапа е измислен во 1939 година.

Келнерска вадитапа 150px|мини|десно|Келнерска вадитапа Келнерската вадитапа може да се склопи како џебно ноже, а името го добила заради популарноста кај персоналот во рестораните и баровите. На едната страна на нејзината дршка се наоѓа потпирач кој се поставува на грлото на шишето. Келнерската вадитапа вообичаено има и ноже со кое се отстранува фолијата или капчето која ја покрива тапата на винското шише.Вадичеп:Корак до мирисног вина, enterijer.ba

Оваа вадитапа ја измислил Германецот Карл Винке во 1882 година.winepros.com.au.

Вадитапа со шилци 150px|мини|десно|Вадитапа со шилци Овој вид вадитапа нема спирала, туку два паралелни шилци. Шилците се ставаат меѓу тапата и грлото на шишето, со што се овозможува тапата да се извади неоштетена.

Наводи

Надворешни врски

The Virtual Corkscrew Museum Corkscrew Museum

Категорија:Вино Категорија:Кујнски прибор Категорија:Рачни алатки Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Англиски пронајдоци