Прекар — име што се добива покрај крстеното име според некоја особина, потеклото, занаетот итн. на личноста на која се однесува. Прекарот може да биде изведен и од името (Петар — Перо, Кирил — Кире, Методија — Менде).
Од социјален аспект прекарот може да биде поделен на два вида, добронамерен и злонамерен врз основа на неговото добивање и користење.
Добронамерниот го користат пријатели и роднини, за да изразат блискост, интимност и социјална врска.
При малициозно користење, прекарот носи навредливи одлики за лицето, и се користи за да покаже недостаток на почит кон човекот, да го наруши неговото достоинство, или да направи другите да стекнат негативен однос кон именуваниот.
Прекарите може да се даваат не само на лица, туку и на животни, градови, држави и сл.
Правопис Прекарот се пишува со голема буква. Доколку се пишуваат името и прекарот, и двата збора одат со голема буква одделени со белина (на пр. Јордан Пиперката). Доколку се пишува името, презимето и прекарот, прекарот доаѓа по презимето одделено со цртичка.
Примери Личности од Македонија Методија Андонов-Ченто Стефан Наумов-Стив Петар Георгиев-Калица Драган Каранфиловски-Бојс Игор Стефановски-Иџе
Личности од бившојугословенските простори Јосип Броз-Тито Новак Ѓоковиќ-Ноле
Градови Њујорк — Големото Јаболко Париз — Градот на Светлината Битола — Градот на Конзулите Рим — Вечниот Град
Држави Италија — Чизма Јапонија — Земја на Изгрејсонцето
Наводи
Категорија:Имиња