Давиде Калабрија (роден на во , Италија) — италијански фудбалер, играч од одбраната на .
Клупска кариера Калабрија својата фудбалска кариера ја започнал во младинските школи на Милан од 2006 година. Тој го примил својот прв повик за да се приклучи на првиот тим пред натпреварот против Лацио на 25 јануари 2015 година, но останал на клупата за резерви. Калабрија својот прв натпревар за првиот тим на ФК Милан го имал на 30 мај 2015 година против ФК Аталанта, кога влегол во игра на местото на Матија Де Шиљо на 84 минута во победата од 1-3. На 15 јули 2015 Калабрија официјално бил промовиран во првиот тим. За првпат како стартер започнал во победата од 3-2 над Палермо на 22 септември, играјќи 49 минути и беше многу пофален за неговата игра. Тој го постигнал својот прв професионален гол за Милан против ФК Рома во сезоната 2017/18.
Репрезентативна кариера
Калабрија го имал своето деби за Италија U21 на 13 октомври 2015 година, во квалификацискиот натпревар против Република Ирска.
Во јуни 2017 година, тој бил вклучен во составот на Италија под 21 година за УЕФА Европското првенство под 21 година од страна на менаџерот Лујџи Ди Бјаџо. Италија била поразена од Шпанија во полуфиналето на 27 јуни, по поразот од 3:1.
Тој дебитирал за сениорската селекција на Италија, на чело со Роберто Манчини, на пријателскиот натпревар против Естонија во Фиренца на 11 ноември 2020 година, а влегол како замена во 80-та минута од победата од 4-0 . На 18 ноември 2020 година го заменил Лоренцо Инсиње во 94-та минута во победата од 2-0 на Лигата на нации против Босна и Херцеговина во Сараево.
Статистика
КлубСезонаЛигаКупЕвропаОстанатоВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиМилан2014–15Серија А1000——102015–166020——802016–1712010——1302017–18211405All appearances in UEFA Europa League0—3012018–1926120401Appearance in Supercoppa Italiana03312019–2025120——2712020–213221060—3922021–22262304All appearances in UEFA Champions League0—3322022–2325110601Appearance in Supercoppa Italiana03312023–2400000000Вкупно1748160250202178
Наводи
Надворешни врски
Давиде Калабрија на официјалното мрежно место на ФК Милан
Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Панатинаикос Категорија:Фудбалери во Серија А