Марко Грујиќ (роден на во ) — српски професионален фудбалер кој настапува за португалскиот ФК Порто и за фудбалската репрезентација на Србија.
Животопис
Марко Грујиќ е роден во Белград. Својата фудбалска кариера ја започнал со клубот од родниот град Црвена ѕвезда, напредувајќи низ младински категории до сениорскиот тим. Тој го направил своето професионално деби во 2013 година, а ја освоил титулата во српската Супер Лига во својата последна сезона со Црвена ѕвезда, пред да го комплетира трансферот од 5,1 милиони фунти во Ливерпул.
Грујиќ е српски интернационалец и ја претставувал Србија на сите младински нивоа од 16 до 21 години, пред да се појави во целост на дебито за сениорската репрезентација на Србија во мај 2016 година. Тој бил дел од српската национална младинска фудбалска репрезентација, која триумфирала на ФИФА У-20 Светското првенство 2015 кое се одржало на Нов Зеланд.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул