мини|десно|350п|Административна карта на Солунскиот Округ Солун () — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Солун. Областа на округот, како и остатокот од Егејска Македонија е присвоена од Грција со Првата балканска војна во 1912 г.
Географија
Округот се протега од Солунскиот Залив на југозапад до Струмскиот Залив на исток. Тук се наоѓаат две големи водни површини — во средишниот дел на подрачјето е сместено Лагадинското Езеро (Коронија), а на исток е Бешичкото Езеро (Волви).
Северните и централните краиште се планински, а западните, дел од североисточните и северните краишта покрај реката Вардар се рамничарски. Планините во округот се Хортач (Хортијатис) во западниот централен дел, Богданска Планина (Вертискос или Кердилија) на север и северозапад.
Се граничи со окрузите Иматија (Берско и Негушко) на југозапад, Постол на запад, Кукуш на север, Сер на исток и Халкидик на југ.
Климата се одликува со топли средоземни лета и свежи благи зими во низинските и рамничарските делови. Во подрачјата на надморска височина преку 500 м и кон планините често имаат типични зими.
Општини Округот Солун се дели на 14 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата): Амбелокипи-Менемени (2) Корделио-Арманќој (Корделио-Евосмос) (8) Бешик (Волви) (3) Даутбал (Ореокастро) (14) Делта (4) Илиџиево (Халкидона) (13) Каламарија (7) Капуџилар-Хортач (Пилеја-Хортијатис) (12) Лагадина (Лангадас) (9) Неаполи-Сикјес (10) Павлос Меласнаречена по Павлос Мелас (1870-1904) — офицер на грчката вооружена пропаганда во Македонија кој во Грција се смета за народен херој (11) Седес (Терми) (6) Солун (Тесалоники) (1) Солунски Залив (Термајкос) (5)
Демографија Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 32 населени места и сочинуваат околу 7% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 78.000 Македонци.
Поврзано Солунско Поле Солунски Залив Список на села во Солун Солунски револуционерен округ
Наводи
Надворешни врски Портал на округот Солун
Категорија:Окрузи во Егејска Македонија Категорија:Окрузи во Грција