Пуста Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското село Сенокос. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на околу 250 метри југозападно од селската црква „Св. Атанасиј“, каде се наоѓаат остатоци од античка градба, и тоа кршен камен, варов малтер, фрагменти од тегули, имбрекси и керамички садови.
Поврзано Ашкулица — населба од доцноантичко време; Бела Чешма — населба од доцноантичко време; Могила — населба од неолитско време; Црква Св. Атанас — осамени наоди од римско време; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Сенокос (Прилепско)