Свето Преполовение — христијански храм во струшкото село Јабланица.

Црквата се наоѓа во Бојко маало, на стариот пат кон селото Лакаица и е посветена на празникот Преполовение на педесетницата или помеѓу народот познат како Руса Среда. Камен-темелник е осветен и поставен во 2003 година. Во склоп на црквичката се наоѓа извор за којшто помеѓу локалносто население постои убедување дека има лековити својства. Црквичката е изградена по сон на претходниот свештеник прота Петре Петроски. Црквичката исто така се посетува на Св.мч. Сава Страилат (вториот ден на Ѓурѓовден) и третиот ден на Духовден.

Поврзано Ложанска парохија Јабланица Црква „Св. Богородица Пречиста“- манастирска црква од 1976 година; Црква „Св. Пророк Илија“ - соборната селска црква; Црква „Св. Мина, Виктор и Викентиј“ - црква од 1975 година во Дејкоска маала; Црква „Св. Илија“- манастирска црква, изградена во 1954 година; Црква „Св. Петка“- параклис изграден во 2002 година; Црква „Св. Никола“- параклис изграден во 1996 година;, Црква „Св. Петка Римска“- параклис изграден во 1994 година; Црква „Св. Недела“ - параклис изграден во 1997 година;

Наводи

Категорија:Јабланица (село) Јабланица