Оваа статија е за федералната единица на Обединетото Кралство. За други значења на поимот „Ирска“, видете Ирска (појаснување).

Северна Ирска (ирски: Tuaisceart Éireann) (англиски: Northern Ireland) — држава во рамките на Обединетото Кралство. Површината на Северна Ирска (13843 км2) е речиси еднаква на половина од површината на Република Македонија. Главен град е Белфаст.

Историја Веќе долго време постои конфликт помеѓу протестантските христијани на Северна Ирска и католичкото малцинство. Протестантите сакаат Северна Ирска да остане во унија со Велика Британија, а пак Католиците сакаат Северна Ирска да се обедини со јужниот сосед, Република Ирска. Се проценува дека во 20 век загинале 3.500 жители како последица на тероризмот во Северна Ирска, т.е. од нападите извршени од обете горноспоменати страни, а бројот наповредените лица се проценува на околу 50.000.

Географија Северна Ирска го формира заедно со Англија, Велс и Шкотска. Таа е единствена од четирите земји од Обединетото Кралство што не се наоѓа на островот Велика Британија туку на островот Ирска. Северна ирска има свои закони, пари и внатрешна организација. Но кога се работи за меѓународни збиднувања е суверена земја Велика Британија. Во Северна Ирска се зборува англиски и ирски. Главен и најголем град на Северна Ирска е Белфаст. Во Белфаст живеат околу 280.000 жители. Единствениот меѓународен аеродром во Северна Ирска се наоѓа кај главниот град Белфаст. Тој е еден од 11-те меѓународни аеродроми во Обединетото Кралство. Северна Ирска се наоѓа на Атлантскиот Океан на три мориња. Таа се граничи со Република Ирска. Број на населението во Северна Ирска изнесува 1,7 милиони жители. Густината на населението изнесува 120 жители на км2 Северна Ирска има атлантска клима, на запад паѓа околу 2030 mm дожд, на југ и на југоисточниот дел паѓа околу 760–1010 mm годишно. Пролетта е најсува, а летото и зимата се најводени периоди во годината. Во зима скоро никогаш не врне снег. Просечната температура од април до септември изнесува околу 18 степени.

Северна Ирска како мотив во уметноста и во популарната култура „Алстер“ (англиски: Ulster) — песна на англиската панк-рок група Sham 69.Sham 69 – The Punk Singles Collection 1977 - 1980 (пристапено на 18.11.2024)

Наводи

Категорија:Обединето Кралство Категорија:Држави и територии настанати во 1921 година Категорија:Островски земји