Карисимби — неактивен вулкан кој се наоѓа на планината Вирунга, вулкански синџир, кој пак се наоѓа во Големата Раседна Долина. Вкупно 8 вулкани се наоѓаат по должината на планината Вирунга. Од исток на запад тие се Мухабура, Гахинга, Сабињо, Бисоке (Визоке), Микено, Карисимби, Њирагонго и Њамурагира. Со 4,507 метри (14,787 стапки), Карисимби е највисокиот од нив и 11-та највисока планина во Африка. Карисимби се наоѓа на границата меѓу Руанда и Демократска Република Конго.

Името Карисимби доаѓа од зборот „amasimbi“ на локалниот јазик, Кињаруанда, што значи снег. Снегот може да се најде во сувата сезона во јуни, јули и август на врвот на вулканот. Наводи

Надворешни врски

Категорија:Стратовулкани Категорија:Планини во Демократска Република Конго Категорија:Вулкани во Демократска Република Конго Категорија:Планини во Руанда Категорија:Вулкани во Руанда Категорија:Четириилјадници Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Меѓународни планини во Африка