Церска Река — река во Демирхисарско, притока на Црна. Извира од Бушева Планина на надморска височина од 1.380 м. Тече меѓу планините Лубен и Баба Сач, минувајќи низ селото Цер. Се влева како повремен речен тек во Големоилинска Река на височина од 750 м
Долга е 17 км, од кои 10,5 км се со површински водотек, а останатите 6,5 км низ Церското Поле тече како подземен водотек. Сливот има површина од , со просечен пад на коритото од 3%.
Завршува кај с. Железнец во горниот тек на Црна Река.
Поврзано Церско Поле Лубен Баба Сач
Наводи
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Слив на Црна Река Категорија:Цер (село)