Остроребрена луфа () — растение до семејството на тиквите чии незрели плодови се одгледуваат во Азија како зеленчук, додека пак зрелите плодови природни помагала за триење на кожата наречени „луфи“. Плодот наликува на краставица или тиквичка со ребра. Расте од средна до источна и југоисточна Азија, каде е позната под голем број имиња. Се одгледува и како домашно растение во постудените предели.

Употреба Недоузреаните плодови на извесни сорти се служат како зеленчук за готвење, скиселување или сирови, а напати се користат и фиданките и листовите. Како и египетската луфа (Luffa aegyptica), зрелите плодови се берат суви им се вадат сите делови освен плодовите влакна, кои потоа се користат како сунѓер или за изработка на шапки.

Поврзано Луфа

Наводи

Надворешни врски

Остроребрена луфа (Luffa acutangula) — ITIS Остроребрена луфа (Luffa acutangula) — GRIN Остроребрена луфа (Luffa acutangula) — NCBI Остроребрена луфа (Luffa acutangula) — IPNI

Категорија:Тикви Категорија:Зеленчук Категорија:Азиска кујна