Тркало на среќата — кована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 10 денари.
Опис Лице На лицето, во средината на монетата е претставен Грбот на Република Македонија. Околу монетата се претставени натписите: „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ и „10 ДЕНАРИ“ на македонски јазик. Исто така, претставенa е масата на монетата „11,80g“, годината на издавање „2018“ и ознаката „Ag999,9“.
Опачина Опачината на монетата има облик на старо колско тркало. Во средината е претставена копија од опачината на златната римска монета ауреус со божицата Фортуна Августа со натписите: „ФОРТУНА“ и „АВГУСТА“. Околу монетата е претставен натписот: „ТРКАЛО НА СРЕЌАТА“ (на англиски и на руски јазик).
Поврзано Тркало на среќата Фортуна
Наводи
Надворешни врски Кована пара за колекционерски цели: „Тркало на среќата“ — НБРМ
Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ