Света Матрона Московска — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2016 година.

Опис Лице На лицето, во горниот дел од монетата се прикажани Грбот на Република Македонија, натписот „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2017“, ознаката „Ag 925“ и масата на монетата „31.1 g“. Во средишниот дел од лицето е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се наоѓаат моштите на Света Матрона Московска. Во заднината е прикажана контура на Манастирот. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.

Опачина На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажана слика на Света Матрона Московска, врз основа на делото од Покровскиот манастир во Москва. Околу средишната слика се прикажани златни украси. На долниот дел од монетата е испишано: „света блажена Матрона Московска“ на руски јазик.

Поврзано Света Матрона Московска

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ