Густав Адолфово Море (Море на Принцот Густав Адолф) — рабно море на Северноледениот Океан во регионот Кикикталук, Нунавут, Канада.

Географија Сместено меѓу островите на Канадскиот Арктички Архипелаг. На запад се граничи со островите Борден и Мекензи Кинг, а на исток со островот Елеф Рингнес. На јужната граница лежи островот Лохид, а на север е отворено кон Северноледениот Океан. На југ е каналот Бајам Мартин и Меклиновиот Проток.

Морето го добило името во 1898 г. кога Ото Свердруп го нарекол во чест на шведскиот принц (подоцна крал) Густав VI Адолф.

Поврзано Северноледен Океан Канадски Арктички Архипелаг

Наводи

Категорија:Мориња во Канада Категорија:Мориња во Северноледениот Океан Категорија:Географија на Нунавут