Марјан Младеновиќ (роден на во Титов Велес) — македонски кошаркар. Тој моментално е играч на Работнички.

Клупска кариера Сезоната 2007/08 ја почнал во второлигашот Ангели Леов од Велес. Но на почетокот на сезоната Ангели Леов, и исто така второлигашот Овче Поле, се фузирале и со тоа Младеновиќ се префрлил во светиниколскиот клуб. Сезоната 2008/09, Младеновиќ останал во Овче Поле, кој претходно добил вајлд карта за настап во Првата лига. Следната сезона продолжил да настапува во Овче Поле со кој стигнал до полуфиналето во Првата лига и Купот на Македонија 2010. Сезоната 2010/11 ја започнал во Овче Поле, но на крајот на октомври 2010 година, Младеновиќ се преселил во Ултимејт Баскет. Таму не останал долго бидејќи поради финансиската криза во клубот, во февруари 2011 го напуштил Ултимејт Баскет. За сезоната 2011/12, Младеновиќ потпишал за Куманово. мини|Марјан Младеновиќ, македонски кошаркар Во 2015 година, Младеновиќ се преселил во второлигашот АВ Охрид, клуб со кој ја освоил сезоната 2015/16. Во февруари 2017 година, Младеновиќ спогодбено го раскинал договорот со АВ Охрид. Веднаш потоа се преселил во новооснованиот клуб Блокотехна кој го испратил во второлигашот Радовиш за доигрување на вториот дел од сезоната 2016/17. Откако Радовиш обезбедил пласман во Првата лига и откако Радовиш му го отстапил местото на Блокотехна, Младеновиќ се вратил во новиот прволигаш. За сезоната 2018/19, Младеновиќ продолжил во редовите на Блокотехна. Со Блокотехна, Младеновиќ ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Младеновиќ со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во јули 2019 година, за сезоната 2019/20, Младеновиќ потпишал по вторпат за АВ Охрид. Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Младеновиќ се преселил во Гостивар преку неофицијален устен договор. Но по три дена и само еден пријателски натпревар, Младеновиќ го напуштил гостиварскиот клуб. Неколку дена подоцна, тој потпишал за Куманово. Во Куманово не останал долго и на крајот на декември, Младеновиќ добил исписница и заминал од клубот. На почетокот на јануари 2020 година, Марјан Младеновиќ потпишал за Работнички. Марјан бил сè уште под траечки договор со Работнички за сезоната 2020/21.

Репрезентација Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Младеновиќ. Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.

Успеси

Титули АВ Охрид Втора македонска лига (1) : 2015/16 Блокотехна НБ Балканска лига (1) : 2018/19

Втора најдобра петорка на сезоната 2018/19 Најдобра домашна петорка на сезоната 2018/19 Одбранбен играч на сезоната 2019/20 Прва најдобра петорка на сезоната 2019/20 Најдобра домашна петорка на сезоната 2019/20

Наводи

Надворешни врски Профил на Марјан Младеновиќ на eurobasket.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Велес Категорија:Родени во 1987 година