Венецијански Залив (, , ) — залив во северниот дел на Јадранското Море помеѓу делтата на По (Пад) во северна Италија и полуостровот Истра во Хрватска. Неговата територија е управно поделена меѓу Италија, Словенија и Хрватска.Венецијански Залив ()

Географија Заливот е широк 90 км Просечната длабочина на заливот изнесува 34 метри, и во него се влеваат реките Таљаменто (Тилмент), Пијава, Адиџе, Соча, Драгоња и Брента. Поважни градови на бреговите на Венецијанскиот Залив се Венеција, Трст, Копер, Кјоџа и Пула. Заливот го опфаќа и островот Албарела, кој е популарно туристичко место.

Историја Во стариот век, заливот бил јужен крај на Килибарниот пат. Името го добил за време на Венецијанската Република, која во врвот на својата моќ го опфаќала речиси сиот северен Јадран.

Поврзано Трстјански Залив Венето

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Заливи во Јадранското Море Категорија:Заливи во Италија Категорија:Заливи во Словенија Категорија:Заливи во Хрватска Категорија:Истра Категорија:Географија на Венеција Категорија:Географија на Венето Категорија:Географија на Фурланија-Јулиска Краина