мини|десно|300п|Часовни појаси во Северна Америка Атлантски часовен појас — географски појас во кој се следи атлантското стандардно време (, AST), четири часа поназад од координираното универзално време (UTC-4); дел од годината некои делови преоѓаат на летно сметање на времето, и тогаш се три часа поназад (UTC-3). Часовничкото време во појасот се води по средното сончево време на 60° ЗГД.

Во Канада, покраините Њу Бранзвик, Нова Шкотска и Островот Принц Едвард го водат времето изречно како четиричасовно отстапување од средново време по Гринич (GMT-4). Мали делови од Квебек (источниот Северен Брег и Магдаленските Острови) исто така се водат по атлантското стандардно време. Целиот Њуфаундленд и Лабрадор официјално се води по њуфаундлендското стандардно време, но во практика речиси сиот Лабрадор се води по атлантското.

Континенталниот дел на САД е целосно вон атлантскиот појас, но истиот сепак ги опфаќа териториите Порторико и Американски Девствени Острови.

Деловите од појасот кои преоѓаат на летно сметање го нарекуваат атлантско летно време (Atlantic Daylight Time, ADT) и тогаш се три часа зад GMT (UTC-3).

Опфат на појасот Антигва и Барбуда () Барбадос () Боливија () Бразил Амазон (освен југозападниот дел), Рондонија, Рораима () Мато Гросо, Јужно Мато Гросо Британски прекуморски територии, во следниве подрачја: Ангвила () Бермуда Британски Девствени Острови () Монтсерат () Туркс и Кајкос () Венецуела () воздухопловна база Туле Гвајана () Гренада () Гренланд, во следниве подрачја: Доминика () Доминиканска Република () Канада, во следниве подрачја: Нова Шкотска Њу Бранзвик Остров Принц Едвард највеќето од Лабрадор Магдаленски Острови, Квебек Северен Брег (источно од 63° ЗГД), Квебек Парагвај САД, во следниве подрачја: Американски Девствени Острови () Порторико () Света Луција () Свети Винсент и Гренадините () Свети Китс и Невис () Тринидад и Тобаго () Франција, во следниве подрачја: Гваделуп () Мартиник () Свети Вартоломеј () Свети Мартин () Холандија, во следниве подрачја: Аруба () Бонер () Курасао () Саба () Свети Евстахиј () Свети Мартин () Чиле (освен регионот Магаљанес и Антарктичката Територија)

Поврзано Време во САД Време во Канада

Наводи

Надворешни врски Карта на часовните појаси во САД Карта на часовните појаси во Канада

Категорија:Часовни појаси Категорија:Време во Канада Категорија:Време во САД