мини|десно|400п|Неустрија (во рамки на кралството на Сијагриј, потцртана со портокалова боја). Неустрија (/ˈnuːstriə, ˈnjuː-/) или Неустразија (што значи "нова [западна] земја", за разлика од Австразија) се наоѓала во западниот дел на царството на Франките, создадена во 511 година, кога по смртта на Хлодовик меровиншкото кралство било поделено на неговите четири сина.
Неустрија била составена од региони помеѓу Аквитанија и Ламанш, околу северниот дел на денешна Франција, со Париз и Соасон како нејзини главни градови. Подоцна се однесувала на областа помеѓу реките Сена и Лоара, позната како кралство на Неустрија (латински назив: regnum Neustriae), како поткралство на каролиншката империја а потоа и како Западна Франкија. Каролиншките кралевите воедно ја основале и Неустриската марка која била гранично војводство против Бретонците и Викинзите која траела до Капетинската монархија на крајот на 10 век, кога терминот исчезнал како европски политички или географски поим.
Меровиншко кралство
Постојаната поделба на териториите од страна на потомците на Хлодовик довело до многу соперништва кои повеќе од двесте години ја ставале Неустрија во речиси постојана војна со Австразија, источниот дел на Франкиската империја.
Наспроти војните, Неустрија и Австразија во неколку наврати накратко и се обединиле. Првпат се обединиле за време на владеењето на Клотар I, во периодот од 558 да 562 година. Борбата за превласт потоа продолжила со кралицата Фредегунда од Неустрија (вдовицата на кралот Хилперик I (кој владеел од 566-584) и мајка на новиот крал Хлотар II (кој владеел од 584-628) која започнала жестока војна со Австразија. По смртта на мајка му и нејзиниот погреб во базиликата Сен Дени во близина на Париз (597), Хлотар II ја продолжил борбата против кралицата Брунхилда и најпосле победил во 613 кога следбениците на Брунхилда ја предале старата кралица во негови раце. Брунхилда, кралицата на Австразија доживеала ужасна смрт по нејзиното тридневно измачување. Хлотар завладеал со обединетото кралство, но само за кратко, бидејќи за крал на Австразија го поставил неговиот син Дагоберт I. Кога Дагоберт ја наследил Неустрија следело уште едно привремено обединување.
Во Австразија, мајордомот Гримоалд Постариот кренал бунт па Хлодовик II го тргнал од функцијата и повторно го обединил кралството со Неустрија, но повторно само привремено. За време или веднаш по владеењето на синот на Хлодовик, Хлотар III, династијата од Неустрија, како претходно онаа на Аустразија, власта му ја дала на нивниот мајордом.
Во 678, Неустрија, под мајордомот Еброин, за последен пат ги поразила Австразијците. Еброин бил убиен во 681 година. Во 687, Пипин Херисталски, мајордом на палатата на кралот на Австразија, ги поразил Неустријците кај Терти, обединувајќи ги Австразија и Неустрија.
Пипиновите потомци, Каролинзите, продолжиле да владеат со двете кралства како мајордоми. Со благослов на папата Стефан II, по 751, Каролингот Пипин Малиот, формално ги тргнале од престолот Меровинзите и ја преземале контролата врз царството каде тој и неговите потомци владееле како кралеви.
Неустрија, Австразија и Бургундија потоа станале обединети под една власт и макар што ќе се поделат уште еднаш на различни источни и западни територии, имињата "Неустрија" и "Австразија" постепено исчезнувале.
Каролиншко поткралство Во 748, браќата Пипин Малиот и Карломан му дале на нивниот помлад брат Грифо дванаесет окрузи во Неустрија околу Ле Ман. Оваа политика се нарекувала Војводство Мен (ducatus Cenomannicus), и било алтернативно име за кралството на Неустрија во 9 век.
Поимот "Неустрија" се однесувал на "земјата помеѓу Сена и Лоара" дадена како регнум (кралство) од страна на Карло Велики на неговиот втор син, Карло Помладиот, во 790 година. Во тоа време, главниот град на кралството се чини бил Ле Ман, каде бил кралскиот двор на Карло. За време на каролиншката династија, главна должност на неустрискиот крал била да се брани суверенитетот на Франките против Бретонците.
Во 817, Лудвиг Побожниот му ја доделил Неустрија на неговиот најстариот син Лотар I, но по неговиот бунт во 831 година, му ја дал на Пипин I од Аквитанија, а кога овој умрел во 838, кралството му припаднало на Карло Ќелавиот. Неустрија, заедно со Аквитанија, го формирале поголемиот дел од Карловото Западно франкиско кралство, истргнато од империјата со Верденскиот договор (843). Карло продолжил со традицијата да го именува постариот син да владее во Неустрија, со свој кралски двор во Ле Ман, кога го направил Луј Д‘ткавиот крал во 856. Луј бил последниот франкиски крал назначен во Неустрија од страна на таткото а практиката на создавање поткралства за синовите исчезнала кај подоцнежните Каролинзи.
Каролиншка марка Во 861, каролиншкиот крал Карло Ќелавиот ги создал Неустриските марки кои биле управувани од страна на службени лица назначени од страна на круната, познати како вардени, префекти или маркгрофови. Првично, имало две марки, една против Бретонците и една против Норманите, често нарекувани Бретонска марка и Норманска марка.
Во 911, Роберт I од Франција станал маркгроф на двете марки и ја земал титулата демаркус (латински: demarchus). Неговото семејство, подоцнешните Капети, владееле на целата територија на Неустрија до 987, кога Иго Капет бил избран за крал. Грофовите на Неустрија имале поголема моќ од маркгрофовите кои биле на власт а времето на викиншките и бретонските грабежи поминало. По капетинското чудо, понатамошни маркгрофови не биле избирани а поимот "Неустрија" згаснал како европски политички термин.
Владетели
Меровиншки кралеви Прецизна поделба на Франкија на кралствата Неустрија, Австразија, и Бургундија датира само од крајот на 6 век, па затоа, претходните кралеви кои владееле од Соасон или Париз оттука се исклучени. Хлотар II, 584-629 Дагоберт I, 629-639 Хлодовик II, 639-657 Хлотар III, 657-673 Теодорих III, 673 Хилдерик II, 673-675 Теодорих III, 675-691 Хлодовик IV, 691-695 Хилдеберт III, 695-711 Дагоберт III, 711-715 Хилперик II, 715-721 Теодорих IV, 721-737 Хилдерик III, 743-751
Мајордоми Овие биле главни службеници на кралевите и постепено станале де факто владетели во име на кралевите. Ландрик, 613 Гундоланд, 613-639 Аега, 639-641 Ерхиноалд, 641-658 Еброин, 658-673 Вулфоалд, 673-675 Леудезиј, 675 Еброин, 675-680 (повторно) Варатон, 680-682 Гизлемар, 682 Варатон, 682-686 (повторно) Бертар, 686-688 Пипин Херисталски, 688-695 Гримоалд II, 695-714 Теодоалд, 714-715 Рагенфрид, 715-718 Карло Мартел, 718-741 Пипин Малиот, 741-751
Каролиншки поткралеви Карломан I, 768-771 Карло Помладиот, 790-811 Лотар I, 817-831 Пипин I од Аквитанија, 831-838 Карло Ќелавиот, 838-856 Луј Д‘ткавиот, 856-879 Луј бил избркан од Ле Ман во 858 по убиството на Ериспое во ноември 857.
Капетински маркгрофови Само оние кои владееле со обединетата Неустриска марка се вклучени, иако титулата "од Неустрија" ја носеле и претходните маркгрофови на Бретонската и Норманската марка, најзначаен Роберт Силниот, предок на овие подоцнешни Капетини. Роберт, 911-922 Иго Велики, 922-956 Иго Капет 956-987
Историографијата Главна хроника напишана од неустриска перспектива е книгата на Григориј Турски „Книга за историјата на Франките“ (латински: Liber Historiae Francorum)Hodgkin, vol. vii, p 25..
Наводи
Извори Oman, Charles. The Dark Ages 476–918. Rivingtons: London, 1914. Hodgkin, Thomas. Italy and her Invaders. Clarendon Press: 1895.
Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Франкиски кралеви Категорија:Франки Категорија:Франкиски семејства Категорија:Ран среден век