Христо Стоичков (, роден на 8 февруари 1966 година) — бугарски поранешен фудбалер кој во моментов е фудбалски коментатор за Univision Deportes. Како плоден напаѓач, тој се смета за еден од најдобрите играчи на неговата генерација и широко се смета за најголемите бугарски фудбалери на сите времиња.*** Bulgarian Sport : HRISTO STOICHKOV *** – Catalog for Bulgarian sport. Visittobulgaria.com. Посетено на 10 June 2013.Football Legend Stoichkov Backs Bulgaria Ruling Party Presidential Hopeful . Novinite.com – Sofia News Agency (17 September 2011). Посетено на 10 June 2013. Тој бил второпласиран за наградата ФИФА Светски Играч на Годината во 1992 и 1994 година, и ја добил златната топка во 1994 година. Во 2004 година, Стоичков бил именуван од страна на Пеле во ФИФА 100 списокот на најголемите живи играчи.
На клупско ниво, Стоичков поминал шест години во Цска од Софија и во 1990 година, со кој ја освоил наградата за европската Златна Копачка. Во 1990 година, тој се приклучил на Барселона, при што тој го заработил шпанскиот прекар "Ел Pistolero" ("човек кој носи пиштол и стрела добро"), и бил дел од "Дрим тимот", на Јохан Кројф, кој освоил четири последователни Ла лига титули и една Лига на Шампиони. Во негово време во клубот, било формирано „смртоносно“ напаѓачко партнерство со Ромарио. Кројф во голема мера бил инволвиран во неговото донесување во Барселона, каде што тој брзо се развил во еден од најплодните напаѓачи во светот.
Стоичков бил член на фудбалската репрезентација на Бугарија која го освила четвртото место во 1994 година Светското Првенство во САД. На тоа светско првенство, Стоичков ја освоил златната копачка со постигнати 6 гола. Тој бил рангиран како трет најдобар играч на Светското Првенство, после Ромарио и Роберто Баџо, со што ја добил бронзената топка. За разлика од неговиот фудбалски талент, тој бил познат по неговиот темперамент на теренот."Stoichkov: A gifted bad boy" . FIFA.com. Retrieved 18 March 2015 Во неговата играчка кариера тој исто така бил наречен Dagger (Камата).
Наводи
Категорија:Родени во 1966 година Категорија:Луѓе од Пловдив Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Бугарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:ФИФА 100 Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ПФК ЦСКА (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Чикаго Фајр Категорија:Фудбалери во Серија А