Македонска студентска дружба — културно-литературна и национално-политичка асоцијација на македонски студенти во Софија, Бугарија, која станала јадро на Младата Македонска Книжовна Дружина. Фукционирала во периодот од 1890 до 1891 година. Во годините на бегства и прогонства на учениците и студентите од Македонија во Белград и во Софија, во процесот на созревањето на македонската национална мисла, група македонски студенти од Вишото училиште во Софија (претежно од дотогаш пребеганите од Белград: Даме Груев, Петар Поп-Арсов, Димитар Мирчев, Христо Поп Коцев, Н.Наумов, Никола Дејков и др) кон крајот на 1890тата година тајно организирале една Студентска дружба според Даме Груев со цел:
За Дружбата се подготвил и правилник, во којшто биле назначени и целите –
Подготвениот правилник бил даден за печатење во Романија, но изгорел заедно со печатницата. По убиството на бугарскиот министер Христо Белчев во март 1891 дел од групата (Груев и Наумов) биле уапсени и истерани од факултетот, Дружбата се растура, а по пуштањето затворените бегаат во Македонија и тука (во други форми) ја продолжуваат револуционерната дејност.Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација 1983, 469–483; Скопје, 1983, 469–483
Наводи
Категорија:Македонски организации Категорија:Македонци во Бугарија