мини|десно|Поскура

Поскура, просфора или панагија — обредно лепче од квасено пресно тесто, симбол на Телото Христово, што служи за причестување во православната цркваПоскура на Дигиталниот речник на македонскиот јазик.

Подготовка на поскура Има повеќе начини за подготовка на поскура, ерусалимски, светогорски, а може да се разликува и од манастир до манастирПодготовка на просфора на семрежното место на манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук.

Подготовка според Македонската православна цркваПросфора на семрежното место на Македонската православна црква За време на правењето на просфората тој што ја прави треба да се моли со Исусовата молитва.

Состојки 5 шолји брашно 2 шолји млака вода 1 лажичка сол 1 коцка свеж квасец

Подготовка Квасецот се раствора во половина шолја млака вода, исто како при месење на обичен леб. Во длабок сад се става брашното и во него се прави мала дупка за солта. Убаво се меша со брашното и се додава растворениот квасец. Полека се додава преостанатата вода, а потоа се меси подолго време така што да биде доволно цврсто.

Начин на обликување мини|300п|Поскурен печат За обликување на поскурата неопходен е печат.

Тестото се дели на 5 еднакви дела и од секој дел се прави по една поскура. Се размесува топката тесто, се посолува брашно на местото каде што се меси и потоа со сучење низ дланките се извлекува нагоре. Потоа тестото се истенчува на половината со сучење со малите прсти и се добиваат две споени, но посебни половини. Со внатрешниот дел од дланката овие половини се сплескуваат во форма на диск со што поправилна кружна форма. Потоа се превртува поскурата и се измазнува долниот дел, повторно се посолува брашно, се превртува поскурата, се мазни горната површина со дланката и внимателно се удира печатот.

Печење Во посебен плех посипан со малку брашно се редат поскурите и се печат во претходно загреана рерна, на 150оС околу еден час.

Наводи

Категорија:Православие Категорија:Богослужба Категорија:Православна богослужба