Текстилната индустрија — гранка на индустријата која првенствено се занимава со преработка на влакнести суровини и изработка на предиво, ткаенини, плетени производи и друго, и добивање на нивни производи. Суровината може да биде природна или синтетичка со користење на производи од хемиската индустрија. Текстилната индустрија е една од најстарите индустрии во светот. Истата најрано се појавила и се развила на територијата на Велика Британија.
Памукот е најважното природно влакно во светот. Во 2007 година, глобалниот принос бил 25 милиони тони од 35 милиони хектари одгледувани во повеќе од 50 земји. Постојат пет фази во процесот пред да се добие готов производ: одгледување и собирање, подготвителни процеси, предење, добивање текстил за производство, завршна фаза за добивање готов производ.
Суровини
Суровините кои се користат во текстилната индустрија, според своето потекло можат да бидат поделени на: животински: волна, крзно, свила; природни: памук, коноп, лен; и вештачки: синтетички влакна, вештачка свила.
Поделба Според вид на производството
Според видот на производството, текстилните компании се делат на: фабрики за производство на текстилни предива и ткаенини фабрики за готови текстилни производи – конфекција и трикотажа.
Според суровините Според суровините што ги користи, текстилните компании се делат на памучна индустрија, како најразвиен вид на текстилна индустрија. Денес оваа текстилна гранка во најголем дел е развиена во земји кои се јавуваат како големи производители на памук како што се: Кина, Египет, Индија, Бразил, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија. волнена индустрија, како една од најстарите гранки на индустријата. Волната почнала најпрво да се преработува во Фландрија и Фиренца, а потоа и во Велика Британија. Исто така, таа е застапена во Италија и САД. Најголеми светски производители на волнено предено и ткаенини се Велика Британија, Русија, Јапонија, Кина и Франција, САД, Италија. Потоа, голем пораст на производството бележат и земјите што се познати производители на волна, а тоа се Австралија, Нов Зеланд, Аргентина и ЈАР. индустрија за свила. Оваа индустрија е традиционална текстилна гранка за Кина, Јапонија, Тајван, Кореја. Природната свила сè до откривањето на вештачката била една од најважните суровини. Инаку, Кина е најголем производител на природна свила. Индија е втор голем производител во светот. Помеѓу двете светски војни Јапонија била водечка земја во производството на природна свила. Подоцна, таа развила производство на вештачки и синтетички влакна. индустрија на лен, конопни и јутени производи . Доминантно место во производството на ленено платно во светот имаат Русија и Полска, а на конопни и јутени производи – Индија, Пакистан и Бангладеш. конфекциска индустрија. Оваа индустрија денес има големи центри за производство во Париз, Лондон и Виена. Исто така, Париз е светска метропола на модата. Меѓутоа, Кина е најголемиот светски производител, пред сè поради евтината работна сила. Но во однос на производството на брендови, односно препознатливи марки, следење мода, производство од светски модни творци и пред сè присуство на висока мода се истакнуваат повеќе центри во Европа. Имено, главни центри се наоѓаат во Милано, Рим и др., а во Франција е Париз. Велика Британија – Манчестер, во САД – Њујорк.
Текстилна индустрија во Македонија
Период до Првата светска војна Првата текстилна фабрика на територијата на денешна Македонија била отворена во с. Дихово, Битолско, а покрај неа биле отворени уште три други, кои пак, едната се наоѓала во Магарево, Битолско, втората во Тетово и третата во Гевгелија. Покрај нив работеле и уште 12-ина други помали работилници, а најголем дел од нив бил сконцентриран во Битолско. Во сите овие работеле околу 800 лица.
Период до Втората светска војна
Овој период се одликува со отворање на нови 14 фабрики во Скопје, Битола, Гевгелија, Струмица. Во нив работеле околу 455 лица. Во овој период градот Скопје го презел приматот на центар на текстилната индустрија од Битола.
Период до осамостојувањето
Во овој период, текстилната индустрија силно се развила и го доживеала својот расцут. Имено, со Указ на Народното собрание на НР Македонија од 10 септември како индустриски претпријатија од текстилната индустрија биле прогласени десет фабрики. Во 1950 година била изградена и пуштена во редовно производство фабриката за свила „Нонча Камишова“ во Велес, а наредната 1951 година, фабриката за преработка на волна „Тодор Виповски Мерџан“ во Тетово и фабриката за преработка на памук „Македонка” во Штип. Така, во овој период биле поставени основите на текстилната индустрија и во некои други градови во државата. Наредниот втор импулс во развојот на текстилната индустрија во Македонија се појавил во околу 60-тите години, поточно околу 1958 и 1966 година. Во овие години вкупно биле изградени 22 текстилни фабрики и тоа речиси во сите делови на државата. Третото ширење на текстилната индустрија во Македонија се одвило од 1970 до 1985 година. Тогаш биле изградени 14 фабрики.
Во 1950 година биле вработени околу 3000 вработени во текстилната индустрија во Македонија, во наредната деценија околу 10500, додека пак, во 70-тите години овој број се удвоил на 21535 вработени. Вработеноста во текстилната индустрија продолжила да расте со мошне интензивно темпо и во наредните години достигнувајќи го својот максимум во 1990 година кога имало 61000 вработени. Исто така, од 55 претпријатија колку што постоеле во 1985 година, во 16 од нив работеле со по над 1000 вработени.
Период по осамостојувањето
Во четвртиот период, кој започнал со осамостојувањето на Македонија, текстилната индустрија како и останатите индустриски гранки се нашле во транзиција. Зафатена од снажни трансформациони преоцеси и приватизација, значаен број од големите текстилни комбинати го намалиле производството, а добар дел од нив престанале да постојат. Наместо сложените текстилни комбинати во градовите со развиена текстилна индустрија, масовно биле формирани бројни мали текстилни претпријатија главно од конфекциска дејност кои работат на „Лон” – систем. Најголем дел од ова производство се пласира во земјите на ЕУ. Во 2003 година, бројот на вработени во оваа индустријата изнесувал околу 27 521 лице. Во последните години, бројката на вработени во текстилната индустрија изнесувала околу 35 000.
Текстилната индустрија е трета најзначајна индустриска гранка во Македонија. Производството на облека учествува со 12,73% во вкупното индустриско производство, а заедно со производството на текстил, учеството изнесува речиси 15%. Во 2009 година имало 1.930 претпријатија во текстилната индустрија, т.е. 4,3% од вкупниот број претпријатија во Македонија. Од нив, 600 биле производствени фирми. Речиси 50% од текстилните фирми се наоѓаат во Источна Македонија, а 87% се микро или мали претпријатија. Во 1998 година, извозот на текстилни производи учествувал со 31% во вкупниот македонски извоз, 17% во 2011 и 15,2% во 2014 година.Мирче Јовановски, „Текстилците се борат за секој денар“, Економија и бизнис, година 18, број 201, 20 март 2015, стр. 42-43.
Табела бр. 3 - Извозот на текстилни производи (1998-2014) Година Извоз (милиони долари) 1998 405 2005 539 2007 684,5 2008 766 2009 627,5 2010 620 2011 720 2012 658 2013 701,5 2014 748,4
+ Најголеми претпријатија за производство на текстил во Македонија, во 2019 година (според вкупниот приход)Кирко Бошкоски, „Пандемијата силно ги погоди производителите на текстил“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 80. Претпријатие Вкупен приход (во милиони денари) Комфи-Ангел 1 704 Адиент-Сеатинг 1 618 Адиент-Аутомотиве 1 032 Техникал Текстајлс 850 Г.С. Текстил 539 Иннацо Мак 325 Ветекс 290 Илфа-Текстил 278 Тетексјарн лимитед 235 Фротирка-компани 194 Лутекс 122 Алкалоид Берово 117 Фешн линк интернационал 111 ККШ-текстил 82 Јосиба-протект 71 Кате 70 Фролинг 53 Фротекс компани 51 СИН-АГ-95 50 Дреник М 41
Текстилната индустрија учествува со над 12% во создавањето на македонскиот БДП при што производството на облека изнесува со 7,55% додека учеството на производството на текстил изнесува 4,55%. Во 2019 година, текстилната индустрија на Македонија ја сочинувале 264 претпријатија од кои 6 се занимавале со подготовка и предење на текстилни влакна, 9 за ткаење на текстил, 55 за довршување на текстил, а 194 за производство на останати видови текстил. Според големината, 183 биле микро-претпријатија, 69 мали, 7 средни, а 5 биле големи претпријатија. Во поглед на географската распределба, најмногу текстилни претпријатија имало во Скопје (75), а потоа во Тетово (21), Струмица (17), Охрид (16), Прилеп (15), Штип (12) и Битола (11). Во јули 2020 година, просечната нето-плата во текстилната индустрија изнесувала 21 882 денари.Кирко Бошкоски, „Пандемијата силно ги погоди производителите на текстил“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 80-83.
+ Најголеми претпријатија за производство на текстил во Македонија, во 2019 година (според добивката)Кирко Бошкоски, „Пандемијата силно ги погоди производителите на текстил“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 81. Претпријатие Добивка (во милиони денари) Техникал Текстајлс 182 Адиент-Сеатинг 109 Комфи-Ангел 87,5 Адиент Аутомотиве 75 Г.С. Текстил 20,6 Јосиба-протект 15,6 Дреник М 13 Ветекс 12 Фролинг 11,2 Алкалоид Берово 9,6 Иннацо Мак 8,2 Фаст фешн линк 76 7,5 Лутекс 6,6 Гифти текс 6,4 Фротекс компани 5,9 СИН-АГ-95 2,5 Вами-пром 1,7 Тетексјарн лимитед 1,5 Донитекс 1,4 Генијафилтекс 1,4
+ Најголеми претпријатија за производство на текстил во Македонија, во 2019 година (според бројот на вработени) Претпријатие Вработени Адиент-Сеатинг 2 170 Адиент Аутомотиве 1 603 Комфи-Ангел 808 Тетексјарн лимитед 179 Ветекс 165 Фротирка-компани 164 Техникал тексталјс 161 Кате 160 ККШ-тесктил 156 Иннацо Мак 144 Тевокс-ком 100 Алкалоид Берово 82 Фешн линк интернационал 75 Кара текс-АК 75 Нетам 50 Ведра текс 45 Лутекс 44 Г.С. Текстил 42 Јосиба-протект 34 Фротекс компани 30
Производството на облека во Македонија Во 2019 година, индустријата за облека во Македонија ја сочинувале 1 159 претпријатија од кои 739 биле микро-претпријатија, 384 мали, 29 средни и 7 големи. Од нив, 1 106 претпријатија биле ангажирани во производството на облека, освен облека од крзно; 6 претпријатија се занимавале со производство на предмети од крзно; а 52 со производство на плетена и „хеклана“ облека. Според географската распределба, најмногу претпријатија имало во Скопје (210), а потоа во Штип (112), Кочани (81), Тетово (70), Куманово (52), Прилеп (52), Гостивар (50) итн. Во јули 2020 година, просечната нето-плата во индустријата за облека во Македонија изнесувала 17 969 денари.Кирко Бошкоски, „Инвестирање во автоматски машини - можност за зголемена продуктивност и за зголемување на платите на вработените“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 86.
+ Најголеми македонски претпријатија за производство на облека во 2019 година (според вкупниот приход) Претпријатие Вкупен приход (во милиони денари) Окитекс 416,2 Арини фешн 407,2 Текстилна коорпорација 348,6 Лаура ГМБХ 290,2 Бенттон 281,9 Алекс-3 273,9 Тетекс 273,0 Кара 237,9 Мода 229,9 Алма 214,6 ВАВ 214,6 Ноел 209,6 ЕАМ 206,4 Алена 205,7 Семак фешн компани 203,4 Албатрос 200,5 Фалко 196,1 Конигтон 185,9 Текспорт 176,3 Империал НТТ 169,4
+ Најголеми македонски претпријатија за производство на облека во 2019 година (според добивката)Кирко Бошкоски, „Инвестирање во автоматски машини - можност за зголемена продуктивност и за зголемување на платите на вработените“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 87. Претпријатие Добивка (во милиони денари) Алекс-3 99,8 Кара 93,6 Тетекс 34,0 Модна конфекција ЗЕН 25,6 ЕАМ 24,1 В и Е 21,7 Монд 18,1 Тексико 17,5 Стампа 16,2 Алма 14,8 Алена 14,2 Њу ера техтиле 13,9 Вабо 13,8 Тритекс трејд 13,1 Арини фешн 13,0 Евро-џинс 12,2 Фам моде 11,8 Мадако 11,1 Ланком 10,7 Империал НТТ 10,7