Александар (англиски: Alexander) — американски филм од 2004 година, во режија на Оливер Стоун, кој е автор и на сценариото, заедно со Кристофер Кајл и Лает Калогридис (според биографијата на Робин Лејн Фокс). Музиката за филмот е дело на Вангелис, а задолжен за фотографијата бил Родриго Прието. Главните улоги ги играат: Колин Фарел, Вал Килмер, Анџелина Џоли, Ентони Хопкинс, Кристијан Пламер, Џаред Лето, Брајан Блесид, Гари Стреч, Џон Каванах, Раз Деган итн.HRT (пристапено на 16.2.2018)
Содржина Генералот Птоломеј (го игра Хопкинс) на своите ученици им ја раскажува приказната за Александар Македонски, синот на македонскиот крал Филип II (го игра Килмер) и убавата епирска принцеза Олимпијада (ја игра Џоли). Во детството, Александар го учи славниот филозоф Аристотел (го игра Пламер), кој му ја всадува љубовта кон музиката и поезијата и му го развил чувството за чест и храброст. Подоцна, Александар (го игра Фарел) стекува интимен пријател и соборец — Хефаестион (го игра Лето), а по смртта на Филип II, на возраст од само 20 години, Александар ја презема власта во земјата. Со својата војска успева да задуши неколку буни, а откако ќе се ожени со привлечната Роксана (ја игра Росарио Досон), со 30.000 пешаци и 5.000 коњници, Александар оди во војна против моќната Персија. Подоцна, во филмот се прикажани освојувањата на Александар, како и неговата смрт...HRT (пристапено на 16.2.2018)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2004 година Категорија:Историски филмови Категорија:Биографски филмови Категорија:Филмови на Оливер Стоун Категорија:Филмови со Колин Фарел Категорија:Филмови со Анџелина Џоли Категорија:Филмови со Ентони Хопкинс Категорија:Филмови со Џаред Лето Категорија:Филмови со Кристијан Пламер Категорија:Филмови со Вал Килмер