Пејтон Роберт Сива Џуниор (роден на 24 октомври 1990) е американски кошаркар, плејмејкер на Алба Берлин.
Тој играл колеџ кошарка за Луисвил Кардиналс, водејќи го своето училиште до два Фајнл Фора. Во летото 2013 учествувал на НБА Дратфот и бил избран како 56-ти пик во втората рунда од Детроит Пистонс.
Животопис По потекло од Самоа, Сива израснал во проблематичната населба во Сиетл. Неговата мајка работела на три работни места за да се обиде да го поткрепи семејството. Неговиот татко бил најчесто отсутен, и се борел со зависноста од дрога и алкохол во текот на детството на Сива.
Колеџ кариера Сива играл колеџ кошарка четири сезони на Универзитетот во Луисвил, за екипата на Луисвил Кардиналс, освојувајќи титулата во НСАА првенството во 2013 година играјќи во 40 натпревари со просек од 10 бода, 2,4 скока и 5,7 асистенции.
Професионална кариера Детроит Пистонс Сива бил избран како 56-ти пик на НБА Драфтот 2013 од страна на Детроит Пистонс. Во јули 2013 година, тој им се приклучил на Пистонс за НБА Летната лига 2013. На 5 август 2013 година, тој потпишал официјален договор со Детроит Пистонс. Своето деби во НБА лигата го направил на 30 октомври 2013, играјќи ги последните 19 секунди во победата на домашен терен над Вашингтон Визардс со 113-102.Washington Wizards at Detroit Pistons Box Score, October 30, 2013 На 26 декември 2013 година, тој бил проследен во Форт Вејн Мед Антс.Detroit Pistons assign Tony Mitchell and Peyton Siva to D-League На 13 јануари 2014 година, тој бил отповикан од страна на Пистонс.Detroit Pistons recall Peyton Siva and Tony Mitchell from D-League
На 15 јули 2014 година, тој бил ослободен од страна на Детроит Пистонс по завршувањето на НБА Летната лига 2014.Detroit Pistons release Peyton Siva, Josh Harrellson from their non-guaranteed contracts
Ири Бејхокс На 29 септември 2014, Сива потпишал договор со Орландо Меџик.Orlando Magic add Kadeem Batts, Drew Crawford, Seth Curry, Peyton Siva to training camp На 25 октомври 2014 бил ослободен од Орландо, и само 5 дена подоцна потпишал за Ири Бејхокс како филијала играч.BayHawks Acquire Four Players, Complete Coaching Staff
Јувеказерта Во летото 2015, Сива се преселил во Европа и потпишал договор со италијанската Јувеказерта. Во сезоната 2015-2016 во Серија А, Сива бил најдобар асистент во лигата со 6,5 асистенции по натпревар.
Алба Берлин На 22 јуни 2016, Сива потпишал двегодишен договор со германската Алба Берлин.
НБА статистика на кариерата
Регуларна сезона
| align="left" | 2013-2014 | align="left" | Детроит Пистонс | 24 || 0 || 9.3 || .316 || .280 || .733 || .6 || 1.4 || .4 || .0 || 2.3 |- | colspan=2 align="center" | Кариера | 24 || 0 || 9.3 || .316 || .280 || .733 || .6 || 1.4 || .4 || .0 || 2.3
Наводи
Надворешни врски
Пејтон Сива на RealGM Пејтон Сива на basketball reference Пејтон Сива на eurobasket
Категорија:Американски кошаркари Категорија:Живи луѓе Категорија:Играчи во НБА Категорија:Играчи на Детроит Пистонс Категорија:Играчи на КК Алба Берлин Категорија:Родени во 1990 година