десно|мини|300x300пкс|Стапката на писменост по држава во 2015 година (2015 CIA World Factbook). Сиво = нема податоци. мини|300x300пкс|Светската неписменост преполовена помеѓу 1970 и 2015 година. мини|300x300пкс|Мозочните области кои се вклучени во стекнувањето на писменоста.
Писменост (архаично: грамотност) — поим што традиционално се определува како способност за читање и пишување."Literate." Merriam-Webster.com. Merriam-Webster, n.d. Web. 19 August 2014. <http://www.merriam-webster.com/dictionary/literate>. Денес значењето е проширено да вклучува и способност да се користат јазикот, бројките, сликите, сметачите и други основни начини за разбирање, општење, стекнување со корисни знаења, решавање на математички проблеми и употреба на доминантните симболски системи на културата. Концептот за писменост се проширил во земјите-членки на ОЕЦД, така што вклучува и вештини за пристап до знаење преку технологијата и способност за проценка на комплексни контексти. Лице кое патува и престојува во странска земја, но не е во можност да чита или пишува на јазикот на месното население во земјата исто така би се сметало од страна на месното население за неписмено.
Клучот за писменоста е развојот на читањето, унапредување на вештините кое што започнува со способноста да се разберат изговорените зборови и декодираат напишаните зборови и кулминира во длабоко разбирање на текстот. Развојот на читањето вклучува голем спектар на комплексни јазични основи вклучувајќи свест за говорни звуци (фонологија), правописни модели (правопис), значењето на зборот (семантиката), граматика (синтакса) и модели на формирање на зборови (морфологија), чија севкупност ја обезбедува потребната платформа за разбирање при читањето.
Откако овие вештини се стекнати, читателот може да стекне целосна јазична писменост, која вклучува способности да се аплицира на печатениот материјал критичка анализа, оценка и синтеза; да се пишува со точност и кохерентност; и за да се користат информацијата и увидот од текстот како основа за информирани одлуки и креативна мисла.Margie Gillis, Ed.D., President, Literacy How, Inc., and Research Affiliate, Haskins Laboratories at Yale University; Sally Grimes, Ed.M., Executive Director, Literate Nation and Founder, Grimes Reading Institute; Cinthia Haan, Author and Chair, The Haan Foundation for Children and President, Power4Kids Reading Initiative; Peggy McCardle, Ph.D., M.P.H., Chief, Child Development and Behavior Branch, National Institute of Child Health and Human Development; Louisa Moats, Ed.D., President, Moats Associates Consulting, Inc.; Anthony Pedriana, Author and retired urban schoolteacher and principal; Susan Smartt, Ph.D., Senior Research Associate, National Comprehensive Center for Teacher Quality, Vanderbilt University; Catherine Snow, Ph.D., Author, Researcher and Professor of Education, Harvard Graduate School of Education, Harvard University; Cheryl Ward, M.S.M., C.A.L.P., Co-founder of Wisconsin Reading Coalition and academic language practitioner; Maryanne Wolf, Ed.D., Author and Director, Center for Reading and Language Research, Tufts University. Неможноста да се направи ова се нарекува неписменост или аналфабетизам.
Организацијата за образование, наука и култура на ООН (УНЕСКО) ја дефинира писменоста како „способност да се идентификува, разбере, толкува, твори, општи и да се пресметува користејќи печатени и писмени материјали кои се поврзани со различни контексти. Писменоста вклучува континуитет во учењето со цел овозможување на поединците да ги постигнат своите цели, да ги развијат своите знаења и потенцијали и да учествуваат целосно во нивната заедница и поширокото општество“.
Историја десно|мини|300x300пкс|Стапка на неписменост во Франција во и век.
Праисториска писменост
Потеклото на писменоста Се смета дека писменоста за првпат се има појавено со развојот на нумеричноста околу почетокот на 8 000 година пр.н.е. Писмото се има развиено самостојно најмалку четири пати во историјата на човештвото во Месопотамија, Египет, низинска Мезоамерика и Кина.Chrisomalis, Stephen (2009), "The Origins and Coevolution of Literacy and Numeracy", in Olsen, D. & Torrance, N. (Eds.), The Cambridge Handbook of Literacy (pp. 59-74). Cambridge: Cambridge University Press. мини|200x200пкс|Сметка за продажба на машки роб и зграда во Шурупак, сумерска таблета, околу 2600 година пр.н.е. Најраните форми на писмено општење потекнуваат од Сумер во Јужна Месопотамија околу 3500—3000 година пр.н.е. За време на оваа ера, писменоста била „во голема мера функционално прашање, издигната од потребата за справување со нови количини на информации и нов тип на владеење создаден од страна на трговијата и производството од голем обем“.Easton, P. (in press). "History and spread of literacy", Excerpted from Sustaining Literacy in Africa: Developing a Literate Environment, Paris: UNESCO Press pp. 46-56. Системите на пишување во Месопотамија првично се појавиле од систем за протоколирање во кои луѓето користеле токенски ознаки за менаџирање со трговијата и земјоделското производство. Токенскиот систем служел како предвесник за почетокот на клинестото пишување откако луѓето почнале да запишуваат информации на глинени табли. Протоклинестите текстови покажуваат не само бројчени знаци, но исто така и идеограми кои прикажуваат објекти како се сметаат.
Египетските хиероглифи се појавиле околу 3300—3100 година пр.н.е. и прикажувале кралска иконографија која ја потенцирала моќта на елитите. Египетскиот хиероглифски систем на пишување бил првиот систем на нотација кој имал фонетски вредности.
Пишувањето во низинска Мезоамерика за првпат се појавило во цивилизациите на Олмек и Запотек во 900—400 година пр.н.е. Овие цивилизации го користеле глифското пишување и системи на бројчена нотација за цели поврзани со кралската иконографија и календарските системи.
Најраните пишани нотации во Кина датираат од династијата Шанг околу 1200 година пр.н.е. Овие систематски нотации биле пронајдени напишани на коски и евидентирани направени жртви, примени трибути и уловени животни, кои биле активности на елитата. Овие натписи на коски претходеле на современото кинескo писмо и содржеле логосилабично писмо и нумерали.
Овие примери покажуваат дека раните дела на писменост биле тесно врзани за моќта и главно се користеле за менаџмент, а можеби и помалку од 1 % од населението било писмено бидејќи тоа било ограничено на многу мала владејачка елита.
Потеклото на азбуката Според социјалниот антрополог Џек Гуди постојат две толкувања во однос на потеклото на писмото. Многу класични научници, како што се историчарот Игнациј Гелб, ги кредитираат Старите Грци за создавањето на првиот азбучен систем (околу 750 година пр.н.е.) кои користеле дистинктивни знаци за согласки и самогласки. Но Гуди се спротивставува, „значењето на грчката култура на следната историја на западна Европа доведе до надакцент, од страна на класичарите и другите, на додавањето на одредени знаци на самогласки во прилог на тие на согласките развиени претходно во Западна Азија“.Goody, Jack (1987). The Interface Between The Written and the Oral. Cambridge, UK: Cambridge University Press, p. 40-41. .
Така, многу научници тврдат дека древните семитски луѓе од Северен Ханан (денешна Сирија) ја измислиле согласната азбука околу почетокот на 1500 година пр.н.е. За голем дел од развојот на оваа теорија бил заслужен англискиот археолог Флиндерс Петри кој во 1905 година пронашол серија на ханански натписи кои се наоѓале во тиркизни рудници во Серабит ел-Кадем. Десет години подоцна, англискиот египтолог Алан Гардинер резонирал дека овие букви содржат писмо, како и препораки за хананската божица Ашерах. Во 1948 година, Вилијам Ф. Албрајт го дешифрирал текстот користејќи дополнителни докази кои биле откриени по наодите на Гуди. Ова вклучувало серија на натписи од Угарит откриени во 1929 година од страна на францускиот археолог Клод Ф. A. Шефер. Некои од овие натписи биле митолошки текстови (напишани во раниот ханански дијалект) што се состоеле од клинеста согласна азбука од 32 букви.
Друго значајно откритие е направено во 1953 година кога биле откриени три глави на стрели, секоја содржејќи идентични ханански натписи од дванаесеттиот век пр.н.е. Според Френк Мур Крос, овие натписи се состоеле од азбучни знаци кои се појавиле во текот на транзицијата и развојот од пиктографската скрипта во линеарната азбука. Тој дополнително тврди дека „Овие натписи исто така даваат индиции за проширување на дешифрирањата на порани и подоцнежни азбучни текстови“.Cross, Frank Moore, "Newly Found Inscriptions in Old Canaanite and Early Phoenician Scripts", Bulletin of the American Schools of Oriental Research, No. 238 (Spring, 1980) p. 1-20.
Согласниот систем на хананското писмо го инспирирале азбучниот развој во следните системи. За време на доцното бронзено време, наследничките азбуки се појавиле низ средоземниот регион и биле користени за феникиското, хебрејското и арамејското писмо.
Според Гуди, можно е овие клинести писма да имале влијание врз развојот на грчката азбука неколку векови подоцна. Историски гледано, Грците навеле дека нивниот систем на пишување бил обликуван по пример на феникискиот. Сепак, многу од семитските научници сега веруваат дека старогрчкиот е повеќе во согласност со раната форма на хананскиот што се користела околу 1100 година пр.н.е. Додека постарите грчки натписи се од околу VIII век пр.н.е., епиграфски споредби со протохананскиот укажуваат на тоа дека е можно Грците да ја усвоиле согласната азбука при почетокот на 1100 година пр.н.е., а подоцна „додале пет букви кои претставувале самогласки“.Goody, Jack (1987). The Interface Between The Written and the Oral. Cambridge, UK: Cambridge University Press, p. 40-49.
Феникискиот јазик, за кој се смета дека го содржел првото „линеарно писмо", брзо се проширил во градовите на средоземното пристаниште во северниот дел на Ханан. Некои археолози веруваат дека феникиското писмото имало и одредено влијание врз развојот на хебрејската и арамејската азбука врз основа на фактот што овие јазици се развиле во текот на истиот период, имале слични одлики и најчесто се категоризираат во иста јазична група.McCarter, P. Kyle. "The Early Diffusion of the Alphabet", The Biblical Archaeologist 37, No. 3 (Sep. 1974): 59-61.
Кога Израелците се преселиле во Ханан помеѓу 1200 и 1001 година пр.н.е., тие исто така усвоиле варијација на хананската азбука. Пророкот Варух, писарот на Еремија, ја користел оваа азбука при создавањето на подоцнежните скрипти на Стариот завет. Првобитната хебрејска азбука била истакната во Медитеранот сè додека халдејските вавилонски владетели не ги истерале Евреите од Вавилон во шестиот век пр.н.е. Тогаш новата скрипта („коцкест хебрејски") се појавила и постарата верзија брзо изумрела.