Церебрална парализа — група на нарушувања на движењата кои се појавуваат во првите години од животот, со варијабилни знаци и симптоми. Чести симптоми се лоша координација, вкочанети мускули, слабост на мускулите и тремор, но исто така може да постојат сетилни проблеми, проблеми со видот, слушање, голтање и зборување. Често бебињата со церебрална парализа не можат да седат, лазат или да одат како децата на нивна возраст. Други симптоми може да бидат конвулзии и когнитивни проблеми, кои се јавуваат кај една третина од луѓето со церебрална парализа. Иако симптомите се согледуваат најчесто после првата година, болеста не е прогредирачка.
Церебралната парализа е предизвикана од абнормален развој или повреда на деловите на мозокот кои ги контролираат движењата, рамнотежата и држењето на телото. Многу често проблемите се случуваат за време на бременоста, но исто така може да се случат за време на пораѓање или после раѓање. Често причината е непозната. Во ризични фактори спаѓаат предвремено раѓање, близначна бременост, некои инфекции за време на бременост како токсоплазмоза или рубела, изложување на метил жива за време на бременост, тежок породување и повреда на главата во првите години од животот. Околу 2% од случаите се поради генетски наследност. Класифицирани се неколку поттипа во однос на специфичниот проблем кој се покажува: оние кои имаат вкочанети мускули имаат спастична церебрална парализа, тие кои имаат слаба координација имаат атаксична церебрална парализа, и оние кои имаат движења во вид на извиткување имаат атетоидна церебрална парализа. Дијагнозата се поставува во однос на развојот на детето. Крвни и имиџинг тестови може да се користат за да се исклучат други болести.
Церебралната парализа е делумно може да се превенира преку имунизација на мајката и внимавање на повреди на глава кај деца преку зголемена безбедност. Нема терапија која би ја излечила церебралната парализа, но одредени третмани, лекови и хируршки операции може да помогнат околу нејзино менаџирање. Во нив спаѓаат физикална терапија, работна терапија, и говорна терапија, лекови како дијазепам, баклофен, и ботулинум токсинот кои можат да помогнат во релаксирање на вкочанетите мускули, и од страна на хирургијата помагаат операциите за издолжување на мускулите и сечење на премногу активните нерви. Надворешни протези и друга асистивна технологија е често од помош. Некои деца можат да достигнат нормален живот со соодветен третман. Нема никаков доказ за користење на таканаречената комплементарна и алтернативна медицина (sCAM).
Церебралната парализа е едно од најчестите нарушувања на движењата кај децата, кое се јавува кај 2.1 на 1000 родени. Церебралната парализа е документирана во историјата со први сознанија и описи во времето на Хипократ, во 5 век п.н.е. Екстензивни истражувања за болеста започнале во 19 век од Вилијам Џон Литл, по кој спастичната диплегија била наречена "Литл". Вилијам Ослер е првиот кој ја нарекол "церебрална парализа" од германскиот "zerebrale Kinderlähmung" (церебрална детска парализа). Различни потенцијални терапии се истражуваат, вклучувајќи ја и терапија со стем клетки, но повеќе истражувања се потребни за да се одлучи нејзината делотворност и безбедност.
Знаци и симптоми
Церебралната парализа се дефинира како „група на нарушувања на развојот на движењата и држењето на телото, кои предизвикуваат лимитирачка активност и се причинети од непрогресивни нарушувања во мозокот на фетус или доенче“.; Corrected in Иако проблемите со движењето се главните симптоми, тие се често придружени со потешкотии во мислење, учење, чувства, комуникација и однесување. Епилепсија се јавува кај 28%, проблеми во комуникација кај 58%, најмалку 42% имаат проблеми со видот, и 23-56% проблеми со учење. Мускулните контракции кај луѓе со церебрална парализа се мисли дека потекнуваат најчесто од преголема активација.
Церебралната парализа е карактеризирана од абнормални рефлекси, мускулен тонус, моторен развој и координација, а може да постојат и деформитети и контрактури на коски и зглобови (трајно фиксирани, вкочанети мускули и зглобови). Класични симптоми се спастицитет, спазам и други неволни движења (пр. лицеви гестови), нестабилно одење, проблеми со рамнотежата, или намалена мускулна маса. Одење како ножички и одење на прсти се најчести кај луѓе со церебрална парализа кои можат да одат, но во целина, симптомите кај церебрална парализа се различни. Моторната дисфункција може да биде претставена од обична несмасност при движење кај поблагиот крај на спектарот, сè до сериозни оштетувања што го прават координираното движење невозможно, на другиот крај од спектарот. Иако најголем дел од луѓето имаат проблеми со зголемен мускулен тонус, некои имаат нормален или намален мускулен тонус. Зголемен мускулен тонус може да биде поради спастицитет или дистонија.
Деца родени со тешка форма на церебрална парализа имаат ирегуларно држење на телото, односно телото е премногу вкочането или лабаво. Дефекти при раѓање, како што се спинално искривување, мала вилица, или мала глава може да се јават кај церебрална парализа. Симптомите може да се јавуваат или исчезнуваат со растење на детето, а некои деца не покажуваат симптоми при раѓање. Класично, церебралната парализа станува очигледна кога бебињата ќе ја достигнат развојната фаза на 6-9 месеци и почнуваат да се движат. Во овие месеци може да се забележи одложување на моторниот развојот и асиметрија.
Лигавењето е често кај деца со церебрална парализа, што влијае и предизвикува социјално одбивање, абнормално зборување, инфекции во устата и давење.
Долно уринарни симптоми се присутни кај 55.5% од луѓето со церебрална парализа.
Јазик и говор
Говорни и јазични нарушувања се чести кај луѓе со церебрална парализа. Стапката на дизартрија е од 31% до 88% и една четвртина од луѓето со церебрална парализа не можат да зборуваат. Проблемите со говорот се асоцираат со слаба респираторна контрола, ларингеални дисфункции и нарушувања на оралната артикулација, поради ограничено движење на мускулите на лицето и устата. Има три главни типови на дизатрија кај церебрална парализа: спастична, дискинетичка(атетотична), и атаксична.
Рано користење на аугментативен и алтернативен систем на комуникација може да му помогне на детето во развивање на вербални јазични способности. Одложување на јазичните способности е асоцирано со интелектуална попреченост и глувост.
Скелет
За коските да добијат нормална форма и големина, потребен им е стресот од нормалната мускулатура. Луѓето со церебрална парализа имаат зголемен ризик за намалена минералност на коските. Средните делови на коските (дијафизите) се тенки и стануваат уште потенки при растење, a метафизите често се зголемени (балонирање). Поради поголем притисок на зголбовите предизвикан од мускуларни нерамнотежи, зглобната 'рскавица може да атрофира,Kerkovich, D, & Aisen, M 2009, 'Chapter 4: Cerebral Palsy', Medical Management of Adults with Neurologic Disabilities pp. 41-53 n.p.: Demos Medical Publishing, LLC. при што доаѓа до намален простор во зглобовите. Луѓе со церебрална парализа се пониски во висина од просечен човек бидејќи нивните коски не го достигнуваат потенцијалот на растење.
Стапката на сколиоза кај деца со церебрална парализа е помеѓу 21% и 64%, кои може да ја развијат пред десеттата година. Сколиозата може хируршки да се корегира, но церебралната парализа ја зголемува стапката на компликации, дури и со подобрени хируршки техники.
Болки и спиење
Болките се чести и се асоцирани со затегнување и скратување на мускулите, абнормален став на телото, вкочанети зглобови и др. Исто така е зголемен ризикот од хронични пореметувања на спиењето, кои се јавуваат секундарно на физикалните и еколошките фактори. Децата со церебрална парализа имаат значително поголем ризик на нарушувања на спиењето од типични деца во развој.
Јадење
Луѓето со церебрална парализаат може да имаат проблеми со џвакање и голтање на храната поради сетилни и моторни нарушувања. Доенче со церебрална парализа може да има проблеми со цицање, џвакање и голтање на храната. Гастроезофагеален рефлукс е чест кај деца со церебрална парализа. Пневмонија е исто така честа кај оние што имаат проблеми со исхранување, причинета поради аспирација на храна или течности.
Асоцијативни нарушувања
Во асоцијативни нарушувања спаѓаат „интелектуални попречености, епилептични напади, мускулни контрактури, абнормален од, остеопороза, нарушувања на спиењето, и психички нарушувања како депресија и анксиозност“. Возрастни со церебрална парализа може да имаат "исхемична болест на срцето, кардиоваскуларни болести, злоќудни неоплазми, и трауми" повеќе од оние кои не се зафатени со болеста.
Причинители
Церебралната парализа е предизвикана од абнормален развој или оштетување на мозокот во развој. Овие оштетувања може да се случат за време на бременост, при породување, во првиот месец по раѓање или поретко во раното детство. Структурни проблеми во мозокот се согледуваат кај 80% од случаите, најчесто во белата маса. Повеќе од три четвртини од случаите се случуваат за време на бременост. Повеќето деца родени со церебрална парализа имаат повеќе од еден ризичен фактор асоциран со болеста.
Иако кај некои случаи нема позната причина, типично причинителите се проблеми во развојот во матката (пр. изложување на зрачење, инфекција, спречено растење на фетус), хипоксија на мозокот (поради тромбоза, проблеми со плацентата), траума при пораѓање и компликации по пораѓање или за време на детство.
Во Африка, асфиксија при пораѓање, висок билирубин и инфекции на централниот нервен систем се најчести причинители, па за тоа голем дел од случаите во Африка можат да се превенираат со подобри ресурси.
Предвремено пораѓање Измеѓу 40% и 50% од сите деца кои развиваат церебрална парализа се предвремено родени. Голем дел од случаите (75-90%) се мисли дека се поради проблеми за време или после раѓање. Близнаците исто така имаат зголемен ризик за церебрална парализа, а и тие почесто се раѓаат со помала тежина.
Церебрална парализа се јавува кај 6% од родените со тежина измеѓу 1 кг и 1.5 кг. Оние коишто се родени пред 28ма гестациона недела имаат церебрална парализа во 11% од случаите. Генетските фактори исто така се мисли дека играат важна улога во прематурност и генерално во церебрална парализа.
На време родени Ризични фактори кај на време родени се: проблеми со плацентата, родени дефекти, мала тежина при раѓање, аспирирање мекониум во бели дорбови, пораѓање за кое е потребно царски рез или други инструменти, асфиксија при раѓање, епилептични напади по раѓање, респираторен дистрес синдром, ниска гликоза и инфекции. Од 2013 не се знае колку точно асфиксијата придонесува како причинител, а не се знае ни големината на улогата на плацентата во состојбата.
Генетика
Околу 2% од сите случаи на церебрална парализа се наследни и глутамат декарбоксилаза-1 може да е еден од ензимите кои се вклучени. Најголем дел од случаите се автосомно рецесивни.
Рано детство По раѓање други причинители може да бидат токсини, тешка жолтица, труење со олово, физичка повреда на мозокот, мозочен удар, траума на главата поради злоупотреба, хипоксија на мозокот, енцефалитис или менингитис.
Други Инфекции кај мајката, дури и инфекции кои се тешки за детекција, може трипати да го зголемат ризикот за нарушување на развој на детето. Инфекции на феталните мембрани, односно хориамнионитис го зголемува ризикот.
Интраутерини и неонатални инсулти (најмногу предизвикани од инфекција) исто така го зголемуваат ризикот. Дијагноза