Хавиер Алехандро Маскерано роден во Сан Лоренцо, 8 јуни 1984) — аргентински фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.

Со репрезентацијата освоил две златни олимписки медали, во Атина 2004 и Пекинг 2008. Ја предводел Аргентина како капитен на Светско првенство 2010 во Јужноафриканската Република.

Кариера Ривер Плејт (2003—2005) Хавиер Маскерано кариерата ја започнал во аргентински клуб во Ривер Плејт 3 август 2003 против екипата на Нуева Чикаго. Ривер тој натпревар го освоил со 2:1. Тогаш Маскерано веќе играл за јуниорската репрезентација на Аргентина и се вратил со ФИФА СП-во за млади 2003. Исто така учествовал во победедата на Ривер 4:3 против перунски клуб Циенцијана во финалето на Копа Судамерикана (јужноамериканска верзија Лига Европа).

Во годината 2004 Ривер играл во Копа либертадорес и загубил од Бока јуниорс. После тој куп, неколку клубови покажале интерес за Маскерано како што биле Реал Мадрид и Депортиво ла Коруња, но Ривер Плејт ги одбил сите понуди. Сезона 2004/2005 не била добра за Ривер Плејт кој завршил 3-ти во „Апертур“ и тек 10-ти во „Клаусур“ а изгубиле и во полуфиналето Копа Либертадорес од бразилскиот клуб Саун Пауло.После Куп Конфедерација во Германија 2005, Маскерано примил понуда од бразилскиот тим Коринтијанс и го довеле за 15.000.000 долари.

Коринтијанс (2005—2006) Маскерано во Коринтијанс дојде во полусезоната на бразилската лига во зимскиот преоден рок. После само девет одиграни натпревари за бразилскиот клуб, тој добил фрактура на левата нога и бил изгубен за остатокот од сезоната. Се вратил во Аргентина, каде го оперирале. Тој бил повреден шест месеци и го пропуштил почетокот на новата бразилска сезона и почетокот на Копа Либертадорес. Тој се вратил на натпреварот со поранешниот клуб Ривер Плејт, против кого Бразилците загубиле.

Иако биле заинтересирани европските клубови за него, Хавиер останал со Коринтијанс до крајот и се борел за опстанок во лигата. Во летниот предоден рок преминал Во Англија во англискиот клуб Вест Хем јунајтед со својот соиграч од клубот и репрезентацијата Карлос Тевез.

Вест Хем јунајтед (2006-јануари 2007) Пред Маскерановото доаѓање во Вест Хем во летото 2006, клуб во Премиер лига имал само една победа, еден нерешен резултат и едан пораз, така што клубот паднал во голема криза после тоа, што играчка, што финансијска. Вест Хем одлучил да продаде некој од играчите, а на листата дошол и Маскерано. Во јануари 2007, Ливерпул пуштил понуда за позајмица на Маскерано што Вест Хем ја прифатил.

Ливерпул (2007—2010) 10 февруари 2007 Маскерано дошол на позајмица во Ливерпул. Веднаш добил број 20 во Лига на шампионите. Првиот натпревар го одиграл против Шефилд Јунајтед и тренер Рафаел Бенитез веднаш после натпреварот го пофалил, баш како и соиграчот Стивен Џерард.

После натпреварот против Арсенал, Бенитез го нарекол „звер од играч“. Првиот натпревар во Лигата на шампионите Маскерано одиграл во осмина финалето против ПСВ Ајндховен, а „Редси“ победиле. Таа година Ливерпул бил поразен 1:2 од Милан во финале Лиге шампиони.

После месеци нагаѓањеа=, Маскерано потпишал четворогодишен договор со Ливерпул кој го поврзувал сè до 2012 година. Се претпоставува дека договорот чинел околу 18.000.000 фунти Прв погодок во Премиер лига Хавиер го постигнал против Рединг во март 2008.

Барселона (2010—2018) Маскерано 28 август 2010 преминал за 21.000.000 евра во Шпанија во шпанскиот клуб Барселона. Маскерано дебитирал за Барселона во натпреварот против Херкулес каде доживеал пораз од 2:0.

Репрезентација За аргентинската репрезентација дебитрал 2003 година. На Олимписките игри 2004 и 2008 освоил златна медал. Капитенската трака во репрезентацијата ја преземал кон крајот на 2009 година од Хавиер Санети.

Трофеи Ривер Плејт Првенство на Аргентина (1) : 2003/04. (Клаусура) Коринтијанс Првенство на Бразил (1) : 2005. Барселона Првенство на Шпанија (4) : 2010/11, 2012/13, 2014/15, 2015/16. Куп на Шпанија (4) : 2011/12, 2014/15, 2015/16, 2016/17 Суперкуп на Шпанија (3) : 2011, 2013, 2016 Лига шампиони (2) : 2010/11, 2014/15 УЕФА суперкуп (2) : 2011, 2015 Светско клупско првенство (2) : 2011, 2015.

Надворешни врски Профил на мрежно место на Ливерпул Профил Хавиер Маскерано на transfermarkt.com Хавиер Маскерано на soccerway.com

Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ривер Плејт Категорија:Фудбалери на ФК Коринтијанс Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1984 година