Дарја Владимировна Домрачева (родена на 3 август 1986 г.) — белоруска биатлонка која се натпреварува во Светскиот куп во биатлон од 2006 година. Таа освоила златен медал на штафетната трка на 4×6 км и сребрен медал во дисциплината масовен старт на Зимските олимписки игри 2018, три златни медали во дисциплините потера, поединечно и масовен старт на Зимските олимписки игри 2014 и бронзен медал на поединечната трка на Зимските олимписки игри 2010.Darya Domracheva . sports-reference.com Таа била севкупен победник во Светскиот куп во биатлон во сезоната 2014–15. Покрај олимписките медали, таа има освоено два златни, четири сребрени и еден бронзен медал на Светските првенства во биатлон.

Кариера Домрачева ја започнала својата кариера во скијачко трчање во 1992 година но се префрлила во биатлон во 1999 година. Таа првично настапувала за Русија на младинско ниво, но добила понуда да настапува за Белорусија во 2004 година. Таа се приклучила на белоруската репрезентација во биатлон во 2006 година. Домрачева била победник во дисциплините потера и спринт на светското јуниорско првенство во 2005 година одржано во Контиолахти, Финска. Таа завршила на 40. место на поединечната трка (ѝ паднал диоптерот, и таа пет пати промашила на третото стрелиште).

Домрачева го освоила третото место во потера и четвртото место на поединечната трка на светското јуниорско првенство во 2006 година одржано во Преск Ајл, Мејн, САД. Во 2007 година, таа освоила два сребрени медали на светското јуниорско првенство одржано во Мартело, Италија.Darya Domracheva . Official Website of the Republic of Belarus. Belarus.by. Посетено на 19 July 2014.

На Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, таа освоила бронзен медал на трката 15 километри поединечно. Подоцна во истата сезона, на 13 март, таа ја забележала својата прва победа на трка од Светскиот куп, во спринт во Контиолахти, Финска. Следниот ден таа победила и во потера.

Домрачева била прогласена за белоруска спортистка на годината за 2010 година, и исто така ѝ била доделена титулата почесен масјтор за спорт истата година. Во 2014 година, на Домрачева ѝ бил доделен медалот Херој на Белорусија, откако освоила три златни медали на трките потера, поединечно и масовен старт на Зимските олимписки игри 2014.

Во август 2015 година, Домрачева решила да ја прескокне целата натпреварувачка сезона 2015–16 во Светскиот куп, откако и била дијагностицирана мононуклеоза еден месец претходно.Mononucleosis Hits Darya Domracheva Darya Domracheva to Skip 2015–16 Biathlon Season По паузата поради мононуклеозата и бременоста, Домрачева се вратила на трките од Светскиот куп во јануари 2017 година.

На Зимските олимписки игри 2018, таа освоила сребрен медал во масовен старт, и бронзен медал во екипната штафета.

Нејзин тренер бил поранешниот светски и олимписки медалист, Клаус Зиберт.

Светски куп Домрачева била севкупен победник во дисциплините потера и масовен старт во сезоната 2011–12 во Светскиот куп. Истата сезона, таа завршила на второто место во севкупниот пласман, заостанувајќи 28 бодови зад Магдалена Нојнер.

Во сезоната 2010–11, Домрачева била севкуен победник во масовен старт..IBU official result page . biathlonresults.com

Најголем успех во Светскиот куп, Домрачева остварила во сезоната 2014–15, кога ја освоила титулата во светскиот куп со 1092 бодови, 48 бодови повеќе од второпласираната и двократна победничка Кајса Мекерејнен. Истата сезона, таа била севкупен победник во спринт.

Сезона Вкупно Спринт Потера Поединечно Масовен старт Трки Бодови Место Трки Бодови Место Трки Бодови Место Трки Бодови Место Трки Бодови Место 2006–07 16/27 297 22. место 9/10 164 15. место 6/8 125 15. место 0/4 – – 1/5 8 42. место2007–08 18/26 226 26. место 10/10 124 18. место 6/8 76 22. место 0/3 – – 2/5 26 34. место 2008–09 23/26 776 7. место 10/10 329 5. место 6/7 214 8. место 3/4 87 14. место 4/5 146 7. место 2009–10 22/25 770 6. место 9/10 283 6. место 5/6 199 4. место 3/4 121 4. место 5/5 140 8. место 2010–11 26/26 862 6. место 10/10 323 7. место 7/7 252 5. место 4/4 51 29. место 5/5 236 1. место 2011–12 26/26 1188 2. место 10/10 471 2. место 8/8 392 1. место 3/3 116 3. место 5/5 250 1. место 2012–13 26/26 924 2. место 10/10 351 2. место 8/8 251 6. место 3/3 122 3. место 5/5 200 2. место 2013–14 20/22 793 3. место 8/9 254 3. место 7/8 296 3. место 2/2 92 2. место 3/3 151 1. место 2014–15 25/25 1092 1. место 10/10 416 1. место 7/7 347 2. место 3/3 139 2. место 5/5 206 3. место 2015–16Не се натпреварувала поради мононуклеоза 2016–17 16/26 394 24. место 6/9 135 21. место 6/9 161 19. место 2/3 42 26. место 2/5 56 29. место

Резултати Олимписки медали 6 медали (4 златни, 1 сребрен, 1 бронзен) ИгриПоединечноСпринтПотераМасовен стартШтафетаМешана штафета 2010 Ванкувер Бронза 8. место 15. место 6. место 7. место 2014 Сочи Злато 9. место Злато Злато 5th – 2018 Пјонгчанг 27. место 9. место 37. место Сребро Злато 5. место

Светски првенства ПрвенствоПоединечноСпринтПотераМасовен стартШтафетаМешана штафета 2007 Разун Антерзелва –13. место22. местоНЗ5. место13. место 2008 Естерсунд –46. место25. место –5. местоСребро 2009 Пјонгчанг11. место53. место5. место6. место4. место9. место 2010 Ханти-мансиск Не се одржува во олимписка сезона 9. место 2011 Ханти-мансиск19. место26. место35. местоСребро Бронза10. место 2012 Руполдинг25. местоСреброЗлато5. место4. место6. место 2013 Нове Мјесто33. место43. место25. местоЗлато7. место11. место 2015 Контиолахти16. место25. место7. место4. место7. место4. место 2016 Осло – – – – – – 2017 Хохфилцен13. место27. местоСребро19. место9. место –

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Минск Категорија:Белоруски биатлонци Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Олимписки златни медалисти за Белорусија Категорија:Олимписки сребрени медалити за Белорусија Категорија:Олимписки бронзени медалити за Белорусија